Спорт
Бол и Ингебригстен најдобри европски атлетичари во 2023

Холанѓанката Фемке Бол и Норвежанецот Јакоб Ингебригстен ги освоија наградите за најдобри европски атлетичари во машка и женска конкуренција во 2023 година на синоќешната свеченост во Вилнус.
По двете златни медали на Европското првенство во сала во Истанбул, Бол на Светското првенство на отворено во Будимпешта се закити со златото на 400 метри со пречки и ја предводеше холандската женска штафета до златото на 4×400 метри. Воедно постави нов светски рекорд на 400 метри во сала и европски рекорд на 400 метри со пречки на отворено.
Најдобриот европски атлетичар во 2023, Ингебригстен, во Будимпешта освои злато во трката на 5.00 метри и сребро на 1.500 метри, повторувајќи го со тоа успехот од пред една година на Светското првенство во Јуџин.
Одличниот Норвежанец, исто така, постави нови европски рекорди на една милја и на 3.000 метри и 1.500 метри, како и светски рекорди во дисциплините кои ретко се трчаат, на 2.000 метри и две милји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Норис го победи Пјастри со пол-позиција во Спа

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На „Спа-Франкоршамп“, Норис ја регистрираше својата четврта пол позиција оваа сезона, со време од 1:40.562 минути, со 85 илјадитинки предност пред својот тимски колега Оскар Пјастри, инаку лидер во генералниот пласман.
Најдобар од останатите беше Шарл Леклер во Ферари, кој беше нешто повеќе од три десетинки зад Норис, додека победникот во спринт Макс Верстапен го освои четвртото место. Иако Пјастре беше подобар од возачот на Мекларен од почетокот на тркачкиот викенд, Норис беше попрецизен во квалификациите, а мала грешка го чинеше многу Австралијанецот. Сепак, дуото на британскиот тим никогаш не беше загрозено на самиот фронт, а во борбата за третото место, Леклер беше подобар од Верстапен за само три илјадитинки, бидејќи бранителот на титулата погрешно започна брз круг.
Спорт
Гарначо сака да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.:
Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Сепак, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да му ја исполнат желбата. Јасно е дека тие не сакаат да ги засилат своите ривали и затоа не се подготвени да го пуштат Гарначо во друг англиски клуб.
На „Олд Трафорд“ посакуваат клуб од Шпанија, Италија или Германија да покаже сериозен интерес за Аргентинецот, поради што наводно ги намалиле своите побарувања.
Сè уште има многу време до крајот на преодниот рок и ќе видиме како на крајот ќе се реши „случајот Гарначо“.
Талентираниот Аргентинец не беше задоволен од својот статус минатата сезона, исто како што Рубен Аморим не беше задоволен од неговите изданиеја на теренот, па по поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, тие вербално се судрија.
Алехандро Гарначо е еден од петте непосакувани играчи на Јунајтед, на кои клубот не им дозволува да тренираат со остатокот од првиот тим. Покрај Гарначо тука се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија.
Досега, само Маркус Рашфорд најде нов клуб, тој ќе ја помине следната сезона на позајмица во Барселона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пакета ослободен од обвинувањара, Сити повторно ќе се обиде да го ангажира

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал.
Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона.
Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 милиони евра, пропадна.
Сепак, штом „Граѓаните“ ја дознаа одлуката на судот, повторно се активираа. Овој пат, Сити би можел да го добие играчот за двојно помала сума од претходното лето.
Имено, цената за Пакета е преполовена и сега е некаде околу 40 милиони евра. Сити започна кампања, а Вест Хем ќе се бори да го задржи, и покрај тоа што има договор до 2027 година.
Пакета одигра 36 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.
Foto/ West Hаm „X“