Спорт
Боломбој го продолжи договорот со Црвена звезда
Американскиот центар Џоел Боломбој го продолжи договорот со Црвена звезда. Тој ќе остане во Белград и во црвено-белиот дрес уште две сезони, до 2026 година, соопштија од клубот.
Боломбој е најкорисниот играч на Црвена звезда во досегашниот тек од Евролигата со просек од 14,2 индексни поени. Тој најдобриот „скокач“ во тимот со 5,4 скока и има најдобар процент на шут од два поени.
Боломбој е поранешен играч на ЦСКА Москва и Олимпијакос.
Американецот роден во Украина, поседува украински и руски пасош, во Црвенз звазда пристигна минатото лето кога потпиша едногодишен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави: Заминувам со чиста совест
Тренерот на Барселона во заминување, Чави Ернандез денеска изјави дека со чиста совест го напушта клубот. Чави вечерва против Севилја последен пат ќе ја води Барселона. Од наредната сезона тренер на блауграна ќе биде Ханси Флик.
„Мојата совест е чиста. Генерално, среќен сум, направивме добра работа дури и ако не ги остваривме целите оваа година. Задоволен сум, благодарен“, рече Чави на прес-конференцијата, пред натпреварот Севилја.
Претседателот на клубот Џоан Лапорта вчера го известил Чави дека нема да биде тренер наредната сезона.
Чави одигра 767 натпревари за Барселона во најдобриот период на клубот заедно со Лионел Меси и Андреас Иниеста. Тој меѓу другото освои осум титули во Примера и четири во Лигата на шампионите.
Како тренер на Барселона во првата сезона ја освои титулата во Ла Лига.
Спорт
Ињаки Вилијамс две години играл со парче стакло во стапалото
Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, откри дека неговиот најдобар играч Ињаки Вилијамс две години играл со парче стакло во стапалото.
Ињаки неодамна почувствува непријатност во пределот на стапалото, снимките покажале дека има парче стакло долго два сантиметри.
Стаклото било многу блиску до коската и тетивата.
Вилијамс, потоа откил дека дека пред две години згазнал на скршено стакло, докторот ја санирал исеченицата, но во стапалото останало парче стакло.
„По финалето на Купот го направивме снимањето и видовме дека тој се уште има стакло во стапалото. Јас и докторот се смеевме бидејќи не можевме да поверуваме“, изјави Валверде за овој бизарен случај.
Интересно е што Ињначи го држи рекордот за најдолга серија на одиграни последовни натпревари во Ла Лига. Тој врза дури 251 натпревар. Серијата ја прекина оваа сезона.
Спорт
Леклер на домашен терен ја прекина доминацијата на Ферстапен во квалификациите
Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за Големата награда на Монте Карло.
Ова е прв пат оваа сезона друг возач да го заземе првото место во квалификациите, бидејќи од почетокот на сезоната во квалификациите победуваше само Макс Ферстапен.
Оскар Пјастри ќе ја започне трката од второто место, додека Карлос Саинц е трет. Во вториот ред до Шпанецот трката ќе ја стартува Ландо Норис на Мекларен.
Следува Џорџ Расел од Мерцедес, Макс Ферстапен кој имаше блиска средба со ѕидот во последниот круг. Во Топ 10 се пласираа и Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли.
Гледавме возбудливи квалификации, како што е секогаш кога во Монте Карло.
Многу возбуда и многу изненадувања.
По првата рунда испаднаа Серхио Перез и Фернандо Алонсо. Мексиканецот заврши на 18. место во квалификациите, Шпанецот беше 16. Ова само ја потврди лошата форма на Мексиканецот, кој доколку продолжи вака може да го загуби местото во Ред Бул.
Освен тие двајца квалификациите по 18 минути ги завршија и Сарџент, Ботас и Жу.