Спорт
„Бомба“ во АБА лигата – Препелиќ во Цедевита Олимпија
Словенечкиот кошаркар Клемен Препелич би можел да стане нов играч на Цедевита Олимпија, пренесува „Баскетњуз“. Како што се наведува, Препелич е блиску до доовор со клубот од Љубљана.
Препелич остави добар впечаток на неодамнешниот Мундобаксет, каде беше втор стрелец на Словенија, веднаш зад Лука Дончиќ, со просек од 14 поени, 3,1 скока и 2,4 асистенции за 20,5 минути по натпревар.
Последниот клуб за кој играше Препелич беше Валенсија, каде во сезоната 2022/23 во Евролигата имаше просек од 7,1 поен и 3,1 асистенции на 19 минути.
Од завршувањето на сеозната е без клуб. Во досегашната кариера Препелиќч настапуваше за Браник, Хелиос, Олимпија, Банвит, Олденбург, Лимож, Левалоа, Реал Мадрид, Хувентуд и Валенсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн во Милано најде лев бек
Баерн Минхен се подготвува за летниот преоден рок во 2025 година. Приоритет на Баварците е да донесат лев бек, откако Алфонсо Дејвис ги одби да потпише нов договор. Канаѓанецот како слободен играч ќе го напушти Баерн по завршувањето на сезоната.
Баерн засилувањето на левата бековска позиција го најде во Милано. Според германските медиуми клубот е заинтересиран за фудвбалерите на Интер и Милан, Ди Марко, односно Тео Ернандез. Според овие извори еден од нив наредното лето ќе се пресели во Минхен.
Ди Марко неодамна го продолжи договорот со Интер до 2027 година, додека Ернандез има договор со Милан до 2026.
Наводно за Ди Марко Баерн ќе треба да издвои 50 милиони евра, додека цента на Ернандез изнесува 60 милиони евра.
Спорт
Тен Хаг е сигурен дека нема да добие отказ
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, сигурен е дека нема да добие отказ. Притисоците за неговата смена продолжија и по вчерашното катастрофално издание во дуелот со Тотенхем. На домашен терен Јунајтед доживеаубедлив пораз (0:3).
Манчестер јунајтед вопрвите шест кола во Премиер лигата забележа три порази, со седум бода се наоѓа на 12.место на табелата.
„Не, не размислувам за тоа. Ова чето донесовме заедничка одлука да останеме заедно, а исто така се договоривме дека со целосна анализа ќе утврдиме што можеме да подобриме и како ќе создадеме тим“, рече Тен Хаг на прес-конференцијата по дебаклот од Тотенхем.
Тој се обиде да го оправда лошиот старт на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.
„Знаевме дека ќе ни треба време поради тоа како помина нашиот преоден рок. Некои играчи, како (Мануел) Угарте, дојдоа доцна. Исто така, мораме да направиме чекор напред во организацијата поради некои повреди, па ни треба повеќе време”, рече Тен Хаг и повика на колективна одговорност.
„Сите сме на иста страна или на ист брод заедно, сопствениците, струшниот штаб и фудбалерите. Не сум загрижен дека ќе добијам отказ“, јасен е Тен Хаг.
Да потсетиме, Јунајтед во четврток му гостува на Порто во второто коло од Лига Европа.
Спорт
Се омажи ќерката на Шумахер, на венчавката присуствувал и легендарниот возач
Михаел Шумахер, легендарниот Формула 1 возач, наводно првпат се појавил во јавноста на свадбата на неговата ќерка Џина.
Џина Шумахер во саботата на Мајорка се омажи за Ијан Бетхке со кого е во долгогодишна врска, а свадбената церемонија се одржа на шпанскиот остров во семејната вила од 30 милиони евра, на која наводно присуствувал и Михаел Шумахер.
Како што наведува „Дејли мејл“, семејството Шумахер ја купило вилата од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а гостите не смееле да влезат во просториите на вилата со мобилни телефони, туку морале да ги остават.
На венчавката, како што објави и германски „Блид“, бил присутен и Михаел Шумахер.
„Дали Шуми навистина бил присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Сепак, тој не беше во градината, каде што беа другите гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг”, стои во текстот на „Билд“.
Седумкратниот светски рпвак во Формула 1 не е вден во јавноста од 29.декември 2013 година кога на скијање во француските Алпи доживеа тешка повреда на главата.