Спорт
Борба против расизмот: Англичаните ќе го напуштеле теренот
Репрезентативците на Англија се подготвени да го напуштат теренот доколку на натпреварот со Чешка од трибините бидат навредувани поради бојата на кожата. Рекле дека се подготвени да испратат порака дека им е доста од таквите навреди.
Одлуката на репрезентативците во случај на расистички навреди да го напуштат теренот на медиумите им ја соопштил младиот напаѓач на Челси, Тами Абрахам. Овој играч првпат доби повик во сениорскиот тим. Тој на медиумите им изјавил дека фудбалерите разговарале со стручниот штаб околу протоколот што за вакви ситуации го предвиделе од Европската фудбалска унија.
УЕФА има протокол од три чекори кој инсистира да се спроведува во случај на расистички навреди.
1. Најпрвин навивачите ќе бидат предупредени да престанат со навредите
2. Судијата може кратко да го прекине мечот доколку навредите не престанат
3. Доколку не успејат првите две точки, тогаш е предвидено мечот да биде прекинат
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер за полувреме „пукна петарда“ во Верона
Интер ја декласира Верона на стадионот „Бентегоди“ со 5:0, во 13.коло во Серија А.
Сите пет гола гостите од Милано ги постигнаа во периодот од 17. до 41. минута.
Аргентинецот Хоакин Кореа го постигна водечкиот гол, а потоа додаде уште две асистенции, за двојниот стрелец Маркус Тирам во 22. и 25. минута.
Последните два гола ги постигнаа играчите од одбраната Стефан де Фрај и Јан Аурел Бизек.
Со овие три бода, шампионот на Италија го престигна лидерот Наполи и сега е на чело на табелата со 28 бодови, два повеќе од избраниците на Антонио Конте, кои својот натпревар од 13. коло го играат в недела против Рома.
Спорт
Енди Мареј му биде тренер на Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ има нов тренер, тоа е неговиот долгогодишен ривал Енди Мареј. кој неодамна ја заврши кариерата.
Ѓоковиќ е без постојан тренер од крајот на март, кога ја прекина речиси петгодишната соработка со Горан Иванишевиќ.
Извесен период тренер му беше Ненад Зимоњиќ, потоа таа функција ја извршуваше Борис Бошњаковиќ (претходно имаше важна улога во тенискиот центар Новак), а на последните неколку турнири од годината Новак беше без тренер. На патото до олимпиското злато со него во улога на тренер беше селекторот на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, Виктор Троицки.
Најдолго тренер на Новак беше Марјан Вајда, а негови тренери беа и Андре Агаси, Радек Штепанек, Тод Мартин.
Договорот е постигнат во пресрет на правење стратегија за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл.
Досега го има освоено трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.
„Со нетрпение очекувам да ја започнам сезоната покрај Енди и да го имам покрај мене во Мелбурн. каде што споделивме толку многу одлични моменти во текот на неговата кариера“, истакна Ѓоковиќ.
По првиот Грен слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мари ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.
Спорт
(Видео) Валенсија против Бетис ја прекина лошата серија
Фудбалерите на Валенсија, по пауза од еден месец одиграа натпревар. „Лилјаците“ одложија два натпревари поради катастрофалните поплави кои го погодија овој шпански регион.
Валенсија ја забележа втората победа во сезоната прва по 21.септември. На „Местаља“ падна Бетис со 4:2. Мечот го обележа напаѓачот на Валенсија, Уго Дуро.
Уго Дуро, поранешен играч на Реал Мадрид и Хетафе најпрво му асистираше на Цезар Тарега за водечкиот гол на „лилјаците“ во осмата минута, а си постигна автогол за израмнување само шест минути подоцна. Дуро потоа од само три минути (во 50. и 53.) и даде два гола предност на Валенсија.
Диего Лопез го зголеми водството на домашните во 56. минута, а само неколку минути по влегувањето во игра искусниот Аргентинец Чими Авила постигна гол за тимот од Севилја и го постави конечниот резултат.
Валенсија со два натпревари помалку е зоната за испаѓање на 18. место. Бетис е на седмото место со 20 бодови.
Во следното коло „лилјаците“ гостуваат кај Мајорка, додека Бетис патува во Сан Себастијан каде ќе игра со Реал Сосиедад.