Спорт
Борко Ристовски: Горд сум на овие ракометари на Вардар

Ракометарите на Вардар ја освоија двојната круна во Македонија, откако денеска триумфираа против Тиквеш (37:25) и го потврдија шампионскиот пехар.
Искусниот голман Борко Ристовски вели дека сезоната беше турбулентна, но вардарци на крајот ја комплетираа со двоен триумф, и во првенството и во Купот.
„Ова беше една турбулентна сезона со успеси и со падови, но Вардар сепак ја покажа големината. Успеавме да ја освоивме двојната круна и горд сум на овие ракометари. Ќе се обидеме да дојдеме до подобри резултати следната сезона и во Лигата на шампионите“, изјави Борко Ристовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафиња го стопирал трансферот во Челси

Фудбалерот на Лидс, Бразилецот Рафиња, зад себе има уште една брилијантна сезона. Поради тоа го привлече вниманието на најголемите европски клубови. На челниците на Лидс им е јасно дека нема да можат да го задржат својот најдобар играч, кој во меѓувреме стана и стандарден репрезентативец на Бразил.
Договорот на Рафиња со премиерлигашот истекува за две години, но летово 25-годишниот фудбалер сигурно ќе го напушти „Еланд роуд“.
Лидс ја прифати понудата на Челзи од 60 милиони фунти за Рафиња, но играчот се уште се премислува, негова желба е кариерата да ја продолжи во Барселона.
Проблем е што Барса нуди помалку пари, 50 милиони евра во кеш и 10 милиони евра низ разни бонуси. Лидс оваа сума не сака да ја прифати.
Времето ќе покаже дали Лидс ќе се согласат да заработат помалку пари за својот најдобар играч.
Спорт
Салах доби најголема плата во Премиер лигата, во светот се наоѓа на четвртото место

Мохамед Салах вчера го продолжи договорот со Ливерпул. Египетската ѕвезда се обврза да остане на „Енфилд“ до јуни 2025 година. Со новиот договор Салах стана најплатениот фудбалер во историјата на славниот клуб.
Англиските медиуми тврдат дека Салах ќе заработува околу 400.000 фунти (464.300 евра) неделно или нешто повеќе од 20 милиони фунти годишно. Со новиот договор, Салах стана број 1 во Премиер лигата, кога станува збор за платата.
Сепак, репрезентативецот на Египет е доста далеку од тројцата од ПСЖ, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар, кои ја предводат листата со астрономски месечни примања, според рангирањето што го направи „Дејли мејл“.
Прв на листата е Килијан Мбапе чија неделна плата изнесува 1.160.020 евра.
По него е неговиот соиграч Лионел Меси со неделна плата од 1.113.560 евра, а Нејмар е на третото место (702.939 евра).
По Салах, кој е, значи, четврти, следува Кристијано Роналдо на кого Манчестер Јунајтед му плаќа 446.000 евра неделно.
Кевин де Брујне, брилијантниот играч за врска на Манчестер сити го дели петтото место со Роналдо со идентични приходи.
Најплатените 10 играчи во светот:
Спорт
Македонија од вториот шешир ги чека противниците на СП

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (17.00 ч.) ќе ги дознае имињата на противниците со кои ќе се соочи на Светското првенство, кои во јануари наредната година ќе се одржи во Полска и Шведска.
На Мундијалот 32 селекции ќе бидат поделени во осум групи со по четири репрезентации. Најдобрите три одат во следната фаза. Бодовите освоени во дуелите со тие ривали се префрлаат во новата група, каде секоја селекција ќе одигра уште по три натпревари.
Во втората фаза ќе бидат формирани четири групи од по шест репрезентации, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство.
Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора.
Светското првенство воедно е и квалификациско за пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Седумте најдобри селекции ќе останат во игра за пласман во најважното спортско натпреварување.
Прв шешир: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1.
Втор шешир: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија.
Трет шешир: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3.
Четврти шешир: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Република Кореја, САД, Холандија, Словенија.
Фото/macedoniahandball.com.mk/