Спорт
(Видео) Борусија Дортмунд го победи имењакот од Менхенгладбах и остана во трката за титулата

Борусија Дортмунд го држи чекорот со Баерн Минхен, во борбата за шампионската титула во Бундес лигата. Во 32. коло, Борусија го победи имењакот од Менхенгладбах со 5.2.
„Милионерите“ одиграа брилијантно пред преполните трибини на Сигнал Идуна Парк (81.365 гледачи) и целата работа ја завршија во првото полувреме, поточно од петтата до 32. минута.
Мален го постигна првиот гол, потоа погоди Белнгме од пенал, а одличните 30 минути со два гола ги заврши Але.
Во продолжението, поточно во финишот „милионерите“ се опуштија и примија два гола.
Најпрвин во 75. минута кога Бенсебијани намали на 4:1, а потоа во 85. кога Ларс Штиндл дополнително го ублажи поразот на „Менш“ со одличен удар од 18 метри.
Борусија Дортмунд успеа да го постигне петтиот гол во судиското надополнување.
Се играа последните моменти од натпреварот кога Џовани Рајна погоди за конечни 5:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“