Спорт
Борусија Менхенгладбах ги продолжи договорите со двајца фудбалери

Борусија Менхенгладбах објави дека нови договори потпишале дефанзивецот Нико Елведи и играчот од средниот ред Роко Рајц. Елведи ќе остане во Менхенгладбах до 2027, а Ројц до 2026 година.
Рајц играше на секој од првите четири натпревари на својата екипа во Бундеслигата, двапати како стартер, а двата влезе како резерва. Елведи, се уште нема стартувано натпревар, а два пати влезе како резерва.
Рајц (21) во Менхенгладбах пристигнал на седум годишна возраст. Целата кариера е во клубот, со исклучок на една сезона која ја мина на позајмица во Сент Труден.
Елведи и покрај големата конкуренција на неговата позиција реши да остане во клуот.
Менхенгладбах, пред почетокот на сезоната го напуштија напаѓачот Маркус Тирам кој потпиша за Интер по истекот на договорот, дефанзивецот Џордан Бејер, кој премина во Барнли, левиот бек Рами Бенсебаини се пресели во Борусија од Дортмунд, во Карлсруе замина играчот од средниот ред Ларс Штиндл.
Во првите четири кола од Бундеслигата, избраниците на Жерар Сеоан забележаа две нерешени и два порази и се наоѓаат на 14. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шок на „Монжуик“, Џирона и спакува четири гола на Барселона

Џирона се врати на челната позиција во Примера, откако во 16.коло, убедливо славеше во каталонското дерби на „Монжук“, против Барселона со 4:2. Вечерва, Џирона прв пат во историјата успеа да слави во дуелите со Барселона.
Тренерот на Џирона Мичел тактички го надмудри Чави, кој лошо ги подготви своите избраници за овој натпревар. Џирона ги откри слабостите во дефанзивата на Жоао Кансело и Жил Кунде.
Барселона имаше повеќе удари кон голот на противникот, но најчесто тие удари беа непрецизни или одеа директно во Газанига.
Довбик го постигна првиот гол на мечот, изедначи Левандовски,а Џирона на полувреме замина со предност благодарение на голот на Гутиерез.
Во вториот дел Валери зголеми на 1:3, а тропка надеж на Барса и донесе голот на Гундоган во 91.минута. Сепак три минути подоцна ветеранот Стуани го постави конечниот резултат.
Џирна е лидер со 41 бод, два повеќе од Реал и седум од Атлетико Мадрид (има натпревар помалку) и Барселона.
Спорт
(Видео) Рома со деветмина се одбрани од Фиорентина
Фудбалерите на Рома I Фиорентина ремизираа 1:1, во натпреварот од 15. коло во Серија А.
Рома поведе веќе во петтата минута, проработе врската Дибала-Лукаку. Аргентинецот асистираше, а Белгиецот постигна гол.
Рома водеше, но Фиорентина ја контролираше играта во првиот дел, кој го обележаа во најмала рака сомнителните одлуки на судијата Антонио Рапуан. Двајца фудбалери на Рома предвреме го завршија мечот во првиот дел. Еден од нив беше Дибала.
Рома во 62.минута остана со фудбалер помалку, кога Залевски го доби вториот жолт картон. Неколку минути подоцна Мартинез Кварта изедначи.
Лукаку „поцрвене“ во 87. минута поради непромислен старт врз Куаме. Фиорентина напаѓаше до крајот на мечот, но не успеа да победи.
На крајот од натпреварот беше исклучен и српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ, кој натпреварот го гледаше од клупата за резерви.
Спорт
(Видео) Сон диригираше, Тотенхем го растури Њукасл

Фудбалерите на Тотенхем, Евертон, Фулам и Манчестер сити со победи го заокружија 16. коло во англиската Премиер лига.
Капитенот на Тотенхем, Сон е играч на колото. Во победата на Тотенхем над Њукасл (4:1), Кореецот блесна со гол и две асистенции.
Погледнете ги головите од денешните натпревари: