Контакт

Спорт

Брајтон по 36 години го победи Тотенхем, се тресе клупата на Покетино (видео)

Објавено пред

Тотенхем е во голема криза. Лондонскиот клуб предмалку загуби од Брајтон нагости со 3-0 во меч од 8. коло во Премиерлигата и со тоа го доживеа четвртиот пораз во петтиот меч во низа.

По елиминацијата од Колчестер во Лига Купот и потопот од Баерн во ЛШ со 2-7, сега момците на Покетино загубија без постигнат гол од Брајтон, првпат по цели 36 години. Интересно е тоа што „Спарси“ цели 22 години не загубиле два меча во низа со примени дури 10 гола.

Домаќините поведоа веќе во третата минута по една несмасна интервенција на Уго Лорис, кој притоа ја скрши левата рака. Подарокот во гол го претвори Нил Муп. Замената на голот на Тотенхем, Пауло Газањига во својата прва интервенција по влегувањето кратко ја одби топката, а младиот Арон Коноли погоди за 2-0.

Во второто полувреме следуваше потпол распад на играта на европските вицешампиони од минатата сезона. Во 65 минута повторно Коноли прецизно гаѓаше за 3-0.

По најновиот пораз, медиумите во Англија предвидуваат дека престојот на Покетино на клупата на „петлите“ нема да трае уште долго.

Спорт

Берзански шок – вредноста на Јунајтед преку ноќ падна за 200 милиони долари

Објавено пред

Берзанските движења (акциите) конкретно за Манчестер јунајтед даваат најдобар одговор на прашањето зошто клубовите сакаат да се откачат од УЕФА и да направат свое натпреварување.

Пред три дена, кога беше јасно дека ќе се формира Суперлигата, цената на акциите на „црвените ѓаволи“ од 16,17 долари скокнаа на 17,60, што веднаш ја зголеми вредноста на клубот за речиси 200 милиони долари.

Сепак, синоќешните случувања, откако стана јасно дека нема ништо од формирањето на Суперлигата (барем засега), направија нова промена на берзата.

Акциите на Јунајтед наеднаш паднаа на истото ниво како и пред некој ден, дури и пониско.

Ако е точно тоа што го пишува шпански „Мундо депортиво“, англиските клубови сепак најдобро ќе поминат. Шпанскиот весник пишува дека УЕФА им дала огромни пари на премиерлигашите за да ја напуштат Суперлигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дебакл на Македонија во Скопје – Неагу и колешките со стил се пласираа на СП

Објавено пред

Женската ракометна репрезентација на Македонија со нов убедлив пораз од Романија, овој пат на домашен терен во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“, со 20-35 го заврши баражот за пласман на Светското ракометно првенство. И по 9 години, нашите најдобри ракометарки не успеваат да се пласираат на едно големо натпреварување.

Сѐ беше познато уште по првиот меч одигран во Букурешт во кој Романките славеа со +11 (33-22).

Девојките предводени од Симе Симовски го загубија првото полувреме со 18-10 иако воведот на мечот навестуваше поинаков расплет.

Набргу по стартот, Македонија поведе со 3-1, но сѐ друго потоа во триесетте минути од првиот дел беше во знакот на феноменалната Кристина Неагу (која во второто полувреме доби поштеда од селекторот Василе) и нејзините репрезентативни колешки. Набргу со серија од 4:0 Романија го презеде водството.

Предноста за Романија постепено растеше за највисоки +8 по крајот на првиот дел.

Слична поставеност на теренот и во второто полувреме.

Македонските ракометарки грешеа во нападот, а Романките од контри и полуконтри ја казнуваа секоја наша грешка за конечни 20:35.

Најпрецизни во победничката селекција беа Моиса со 8 гола и Пинтеа со 4 гола.

Најпрецизни кај Македонија беа Герогиевска со 6 и Ливриниќ со 5 гола.

Освен Романија, пласман на мундијалот преку бараж-дуелите досега обезбедија и селекциите на Русија, Чешка, Австрија, Унгарија, Германија и на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шок вест за Нетси – Харден нема да игра сѐ до плејофот

Објавено пред

Бекот на Бруклин Нетс, Џејмс Харден – Брадата, има проблеми со закрепнувањето од повредата на задниот мускул на ногата. Иако изгледаше дека закрепнувањето оди како што треба и сѐ поблиску е враќањето на паркетот, од клубот информираат дека дошло до влошување на состојбата и сега останува дилемата кога кошаркарот ќе се врати во стројот.

Харден е надвор од терените од 5 aприл кога се повреди на мечот против Њујорк Никс.

„Се вративме на почетокот на рехабилитацијата. Ќе се врати кога ќе може да се врати. Можеби тоа да е за плејофот, а можеби и пред тоа“, рече тренерот на екипата, Стив Неш.

Минатиот викенд генералниот менаџер на екипата, Шон Маркс, беше многу оптимистичен и рече дека Брадата ќе почне со тренинзи за 4-5 дена, но сега ситуацијата е поинаква.

Харден е деветкратен НБА-олстар, троен најдобар стрелец на лигата и МВП за сезоната 2017/2018.

Пред сезонава да дојде во Бруклин Нетс, настапуваше за Хјустон, односно за Оклахома.

Пред повредата се сметаше дека тој е еден од најсериозните кандидати за МВП-титулата. Откако ги засили „мрежичките“, има 25,4 поени, 8,7 скока и 11 асистенции од меч.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија3 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија5 часа

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија5 часа

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија6 часа

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ7 часа

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија8 часа

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија9 часа

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија9 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион11 час

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ11 час

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Свет12 часа

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет12 часа

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видеопорака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ22 часа

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија23 часа

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија23 часа

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт1 ден

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија1 ден

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија1 ден

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Досие