Спорт
Бразилецот Роналдо избра топ-5 фудбалери што ужива да ги гледа!

Луис Назарио де Лима – Роналдо направи своја листа од 5 играчи во чија игра ужива. Интересно е дека на таа листа го нема португалскиот Роналдо, Кристијано.
Првото место на списокот му припаѓа на Лионел Меси.
„Меси, се разбира, тој е број еден, Мислам дека ќе требаат 20-30 години да видиме играч што поседува талент како него“, рече Бразилецот за шпански „Ас“ .
По аргентинскиот фудбалски ас, Роналдо ги наброја имињата на четворицата фудбалери што обожава да ги гледа како играат.
„Сакам да ги гледам Мохамед Салах, Еден Азар, Нејмар, но и Килијан Мбапе“, рече Роналдо.
Посебно се задржа на најмладиот во одбраното друштво, Французинот Мбапе.
„Многумина велат дека потсетува на мене на теренот, дека е брз, има добра завршница и сјајно движење, одлично игра со двете нозе, има долг чекор. Имаме доста сличности, но никогаш не сум ги сакал споредувањата, особено не на играчи од разни генерации“, рече Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сопственикот на Виртус тврди: Дубаи следната сезона ќе игра со Евролигата

Масимо Занети, претседателот на Виртус од Болоња потврди дека клубот заедно со Партизан и Црвена звезда добил специјална покана за учество во Евролигата во наредните три години и дека речиси е сигурно дека Дубаи од наредната сезона ќе игра во најсилното европско натпреварување.
„Што се однесува до Евролигата, добивме тригодишна понуда заедно со Партизан и Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е доста висока, но таква е ситуацијата“, изјави Занети.
Тој нагласи дека и покрај напливот на НБА во европската кошарка, Евролигата останува главно натпреварување за него.
„Многу се зборува за НБА, но Евролигата сепак е големо натпреварување кое има многу следбеници. Со потенцијалниот влез на тим од Дубаи, ќе се отворат многу можности“, додаде Занети.
Да потсетиме, Виртус се врати во Евролигата по сезоната 2022/23 по освојувањето на Еврокупот, но оттогаш не може да се пласира во плеј-офот.
Моментално се претпоследни со само осум победи и 24 порази.
Инаку, на денешната прес конференција, првиот човек на Виртус, објави дека Душко Ивановиќ ќе го води тимот и во наредната сезона.
Спорт
Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Најтрофејниот клуб Вардар оваа сезона има големи амбиции во Купот, сака да ја освои првата титула по 2007 година. На патот кон финалето му стои АП Брера од Струмица.
Втората полуфинална двојка ја формираа Шкендија и Струга ТЛ.
Првите полуфинални средби се закажани за 9 април.
Спорт
Перез: Кога ќе ги знам сите опции, ќе донесам одлука

Серхио Перез потврди дека разговарал со „неколку тимови“ за враќање на патеките следната сезона.
Мексиканецот го напушти Ред Бул на крајот од минатата сезона, шест месеци откако потпиша нов двегодишен договор со тимот.
Перес не успеа да забележи победа во 2024 година, а на подиумот беше само четири пати. Тоа беше неговата најлоша сезона откако пристигна во Ред Бул во 2021 година.
„Добив неколку повици од Абу Даби. Сезоната започна па некои работи ќе се отворат во наредните месеци“, изјави Перес за официјалната веб-страница на Формула 1.
„Кога ќе ги знам сите опции што ги имам, ќе донесам одлука. Она што ми е јасно е дека ќе се вратам само доколку предизвикот што че ми биде понуден има смисла и ако е нешто во што можам да уживам“, изјави Мексиканецот.
Во 2023 година, Перес беше втор во генералниот пласман, зад Макс Ферстапен, но самиот тој ја опишува последната сезона како „ужасна“.
Перес во кариерата возеше и за Заубер и Мекларен.