Спорт
Брегалница го промовираше Адис Хаџановиќ како ново засилување
Босанскиот интернационалец Адис Хаџановиќ е шестото засилување за Брегалница низ досегашниот летен преоден рок. 29-годишниот Хаџановиќ, кој е последен играч за врска, зад себе има одлична сезона во дресот на Академија Пандев, од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница.
Хаџановиќ зад себе досега има богата интернационална кариера настапувајќи за Олимпик Сараево и Слобода Тузла во шампионатот на БиХ, во црногорската Искра, за Истра во Хрватска, за естонскиот Номе Каљу како и за катарски Ал Ахли, по што сега треба да биде исклучително квалитетно засилување за средниот ред на „сините“.
Брегалница се засили и со Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.