Спорт
Брозовиќ повеќе нема да игра за Хрватска
Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.
Брозовиќ постигна голем успех со Хрватска. Беше учесник во сите големи резултати со пожарникарите, од финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година, и третото место од Мундијалот во Катар.
Чудната одлука на овој фудбалер сега да се пензионира, бидејќи во кариерата одигра 99 натпревари за Хрватска, па реши дека нема да стигне до својот стоти натпревар во репрезентацијата, пренесува фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Загрепчанецот постигна седум гола во репрезентативниот дрес. Брозовиќ има богата фудбалска кариера, поголемиот дел од времето беше осум години во тимот на Интер, а претходно играше во Хрватска за Хрватски Драговољац, Локомотива и Динамо Загреб.
Сега е член на тимот на Ал Наср каде настапува заедно со Кристијано Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мота го губи трпението со Влаховиќ – Јувентус бара нова „деветка“
Ефикасноста е главниот проблем на Јувентус од почетокот на сезоната. Првиот напаѓач, Душан Влаховиќ, постигна само два гола на шест натпревари. Србинот, во саботата против Наполи, беше заменет во паузата меѓу двете полувремиња, откако за 45 минути имаше само шест допири со топката.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тренерот Тијаго Мота и челниците на Јувентус бараат нова „деветка“ наместо Душан Влаховиќ.
Според овие извори изборот е напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
Канаѓанецот има 24 години, а оваа сезона на 10 натпревари постигна четири гола. Неговиот договор истекува на крајот од актуелната сезона, па Лил нема ништо против да го продаде својот напаѓач за да заработи малку пари во зимскиот преоден рок.
Спорт
(Видео) Касано: Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал
Антонио Касано „лудата глава“ на светскиот фудвал, по завршувањето на кариерата често со своите изјави крева „прашина во јавноста“.
Овој пат гостувајќи во една емисија удри по Кристијано Роналдо. Португалецот неодамна го постигна 900. гол во кариерата, но Касано смета дека има многу подобри играчи од Роналдо.
„Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне три илјади гола, ме боли к.р! Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да ја поврзат играта на својот тим. Знаеја многу работи, за разлика од Кристијано Роналдо, чија единствена цел отсекогаш била да постигне гол“, изјави поранешниот италијански репрезентативец.
Cassano: “CR7 doesn’t know how to play football. He could score 3000 goals, I don’t give a fuck. Higuain, Agüero, Benzema, Lewandowski, Ibrahimovic and Suarez knew how to link-up with the team. They knew how to do a lot of things, unlike Ronaldo who’s only objective has always been to score.”
byu/SubstantialSquash475 insoccer
Спорт
Силва објасни зошто Арсенал за Сити не е голем ривал како Ливерпул
Манчестер сити и Арсенал ремизираа 2:2, во дербито одиграно вчера во петтото коло во Премиер лигата. Сити од пораз се спаси во 98.минута со голот на со голот на Џон Стонс.
По натпреварот менаџерите Пеп Гвардиола и Микел Артета имаа примедби на судењто, додека фудбалерот на Сити, Бернардо Силва го критикуваше пристапот на Арсенал не само на овој туку и на претходните натпревари.
„Само еден клуб излезе да игра фудбал, противникот дојде да игра до границата на дозволеното и за жал тоа им го дозволи судијата. Но на крајот освоивме бод, не сме среќни бидејќи сакавме да победиме. Лично, среќен сум од начинот на кој игравме и пристапото што го имавме, мило ми е што сме тим кој на секој натпревар оди со желба за победа“, изјави Силва.
Потоа го спореди ривалството на Сити со Ливерпул во однос на Арсенал.
„Можеби тоа е затоа што Ливерпул ја освои Премиер лигата, а Арсенал не. Ливерпул исто така ја освои Лигата на шампионите, а Арсенал не. Ливерпул има ист пристап каков што имаме ние, на секој натпревар оди на победа. Од таа перспектива, нашите натпревари со Арсенал никогаш не биле како тие со Ливерпул, а не се ни сега“, потенцира Силва.
Сити е лидер на табелата со 13 бодови, Ливерпул и Астон Вила имаат по 12, а Арсенал 11.