Спорт
Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, беше двоен стрелец за Португалија во триумфот од 2:0 против Уругвај и ја одведе својата селекција во осминафиналето на Светското првенство. Првиот дел заврши без голови, но и без многу шанси, а потоа Португалците го скршија отпорот на противникот.
Во 54.минута, Бруно Фернандеш нафрли кон Кристијано Роналдо, но капитенот не ја зафати топката со глава, а таа отседна во мрежата на Уругвајците. Тие имаа можност да израмнат, но Максимилијано Лопез го погоди дирекот, а Луис Суарез беше за малку непрецизен.
Во завршницата, Бруно Фернандеш од пенал, кој беше досуден по реакција од ВАР-собата за игра со рака во шеснаесетникот, постигна и втор гол за триумф на Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Боњек ги поддржува Наполи во ЛШ: Играат подобар фудбал од Реал Мадрид

Полската фудбалска легенда, а сега потпретседател на УЕФА, Збигњев Боњек верува дека Наполи се најсериозни кандидати за титулата во Лигата на шампиони бидејќи „играат подобар фудбал“ од Реал Мадрид.
Наполи имаат само еден пораз во Серија А оваа сезона, за да отворат предност од 13 поени пред Интер, а во Лигата на шампионите беа први во групата со Ливерпул, Ајакс и Ренџерс, за да закажат меч со Ајнтрахт Франкфурт во осминафиналето.
„Ако Наполи продолжат да играат вака, тогаш ќе можат да одат до крај. Само не треба да заборават дека Ајнтрахт ќе бидат многу тежок противник. Зошто да не сонуваат за ЛШ? Сега играат подобар фудбал од Реал Мадрид, победуваат со доминација, а не со контранапади и имаат одлична одбрана“, вели Боњек.
Спорт
Демирал го продава дресот на Роналдо за помош на настраданите во земјотресот

Дефанивецот на Аталанта, Мерих Демирал постави на аукција потпишан дрес на Јувентус од неговиот поранешен согирач и добар пријател, Кристијано Роналдо, а средствата ќе одат за помош на настраданите на катастрофалниот земјотрес кој вчера ја погоди Турција.
Во земјотресот, кој е најсилен во последниот век, загинаа над 5.000 луѓе. Демирал преку социјалните потврди дека разговарал со Роналдо за ситуацијата и го постави дресот од својата сопствена колекција.
Роналдо и Демирал станаа блиски пријатели кога играа заедно во Јувентус и ЦР7 му посвети посебен дрес на својот поранешен соиграч. Двајцата оттогаш заминаа од Торино – Демирал во Аталанта, а Роналдо прво во Манчестер јунајтед, па во Ал-Наср.
Az önce @Cristiano ile konuştum.
Türkiye'de yaşananlara çok üzüldüğünü söyledi. Ronaldo'nun koleksiyonumdaki imzalı formasını açık artırma usulüyle satışa çıkarıyoruz.
Açık artırmadan elde edilecek gelirin tamamı deprem bölgesinde kullanılmak üzere @ahbap 'a bağışlanacaktır. pic.twitter.com/OwnU93oShJ
— Merih Demiral (@Merihdemiral) February 7, 2023
Спорт
Анчелоти: Шпанскиот фудбал има голем проблем со расизмот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека е невозможно да се обвинува Винисиус Жуниор за контроверзите при неделниот 1:0 пораз од Мајорка, и дека шпанскиот фудбал мора да се соочи дека има проблем со расиззмот.
Шпанската Ла лига отвори истрага за наводните расистички навреди кон Винисиус од навивач на Мајорка, последен од низата инциденти околу бразилската ѕвезда. Минатиот месец, навивачи на градските ривали Атлетико Мадрид, обесија кукла со дресот на Винисиус на еден мост во Мадрид со порака: „Мадрид го мрази Реал“. Претходно во декември, Вини го обвини претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас дека не прави ништо во борбата против расизмот откако беше навредуван од навивачи на Атлетико.
Пред утрешниот меч со египетскиот Ал-Ахли на Светското клупско првенство, Анчелоти застана во одбрана на Винисиус.
„Ќе ве прашам: Каде е проблемот? Винисиус? Соиграчите на Винисиус? Тој треба да се брани? Од што? Навистина не знам. Ви изгледа дека проблемот е во Винисиус, но проблем е тоа што се случува околу него. Точка. Тоа е проблем на шпанскиот фудбал. Јас сум дел од шпанскиот фудбал и мислам дека тоа е проблем кој мора да се реши. Винисиус не е престапникот во овој случај, тој е жртвата“, вели Анчелоти.
„Никогаш нема да имате пари како мене, ќе треба да најдете работа“