Спорт
Бруно и Португалците и без Роналдо без мака против Нигерија

Португалија, предводена од Бруно Фернандеш, стигна до убедлива 4:0 победа над Нигерија во последниот подготвителен меч пред стартот на Светското првенство, во меч кој Кристијано Роналдо, кој е на насловните страници во Англија по контроверзното интервју со Пирс Морган, го прескокна поради стомачен вирус.
Фернандеш го отвори резултатот уште во деветтата минута на „Жоао Алвaладе“ во Лисабон, претходно негов домашен стадион со Спортинг Лисабон, по фантастичната асистенција на соиграчот од Јунајтед, Диого Далот. Во 35. минута водството беше удвоено, откако Фернандеш стрелаше од белата точка.
Победата на Португалците беше потврдена во финишот на мечот – Гонсало Рамос во 82. минута и Жоао Марио во 84. минута стрелаа за високи 4:0.
Португалците се во групата Х на СП со Гана, Уругвај и Јужна Кореја, а го отвараат првенството со меч против Гана на 24 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Македонија испиша историја на Европското првенство во ММА, кое се одржа во Белград, Србија.
Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот „Д Стронгест“ Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА.
Тој освои четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден.
Овој подвиг е огромен чекор за македонскиот ММА.
Спорт
Леброн Џејмс: Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата.
– Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера, изјави Џејмс за американските медиуми.
Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции.
Големата НБА-ѕвезда во текот на својата богата кариера има настапувано и за Кливленд кавалирс и Мајами хит.
Спорт
Крстијан Киву ја презеде Парма

Парма го реши проблемот со главниот тренер и за нов тренер назначи романски стручњак.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, финализирани се преговорите меѓу управата на клубот и 44-годишниот Крстијан Киву. Романецот доаѓа на местото на Фабио Пекија.
Парма е во серија од седум натпревари без победа во Серија А и падна во зоната за испаѓање.
Раководството на Парма првично беше заинтересирано за Игор Тудор, но сепак го избра Киву, чие тренерско искуство досега беше ограничено само на младинските тимови на Интер, со кои работеше од 2018 година до минатото лето.
Според пишувањата на медиумите, Киву во понеделникот вечерта пристигнал во Парма на разговори со раководството на клубот.
Парма нема победа во Серија А од декември, по 25 кола има 20 бода на 18. место и заостанува еден бод зад Емполи, кој е на 17. место.
Киву ја започна кариерата во родната Романија, а играше за Ајакс, Рома и Интер, каде ја заврши кариерата во 2014 година.
Играше за романските млади селекции, а за А тимот од 1999 до 2011 година одигра 75 натпревари и постигна три гола.