Спорт
Бугарска манипулација и во фудбалот: ЦСКА Софија смета дека не е безбедно да игра во Скопје против Македонија ЃП
Бугарскиот клуб ЦСКА Софија смета дека не УЕФА не треба да дозволи нивно гостување во Скопје, на мечот против Македонија ЃП од второто квалификациско коло од Конференциската лига поради безбедносни причини. Во таборот на ЦСКА Софија се изненадени од фактот дека добиле само 60 билети од домаќинот Македонија ЃП за натпреварот кој е закажан за 21. јули на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Тие сега бараат УЕФА да донесе одлука натпреварот да не се игра во Скопје, туку надвор од Македонија и го предлагаат Ниш.
„Само 60 билети доби ЦСКА Софија за првиот натпревар, а причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви се играат на неутрален терен. Такви примери има кога играат екипи од Ерменија и Азербејџан. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е блиску до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веројатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“, пишува бугарскиот медиум „Труд“ на оваа тема.
Вистината е, сепак, дека на гостите им следува само пет проценти од билетите за натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

