Спорт
Бундеслигата без публика покажа – веќе ја нема предноста на домашен терен
Премиер лигата се враќа в среда, а Серија А во текот на викендот, по тримесечна пауза, со добиено искуство од Бундеслигата, кое покажува дека предноста на домашниот терен е избришана, односно преполовен е бројот на домашни победи.
Податоците на „Грејснот“ покажуваат дека пред корона-кризата во Бундеслигата домашните тимови победуваа во 43 отсто од 223 меча, со 35 отсто гостински победи и 22 отсто ремија. Во 56 натпревари без публика домашните победи паднаа на 21 отсто, а гостинските екипи победија во точно 50 отсто од натпреварите.
Само 12 победи во примерок од 56 натпревари биле забележани само еднаш во 58-годишната историја на лигата, во декември 2009 година.
Без фанови, против домашните тимови, биле досудени 12 отсто повеќе слободни удари и 15 отсто повеќе фаули, а исто така постигнаа 1,23 гол од меч во споредба со 1,74 гол од меч пред суспензијата. Интересно, со публика, голманите одбраниле 2/3 од ударите, но ова скокнало на 74 отсто за гостинските голмани без публика. Има влијание и на начинот на игра – се постигнуваат помалку голови, има помалку удари, помалку одбрани и помалку дриблања, но повеќе додавања.
„Бидејќи во Бундеслигата се одиграле многу малку мечеви без публика, историскиот процент на малку победи може да донесе до заклучок дека домашната предност е намалена без публика. Пеформансите исто така покажуваат дека фудбалерите потсвесно се решаваат на додавање наместо да се обидат да влезат во напад“, вели Сајмон Глив, шефот на спортска анализа во „Грејснот“.
Фановите пред ТВ-екранитем, пак, се жалат дека мечевите немаат интензитет како вообичаено и понекогаш изгледаат (и звучат) како тренинг-мечеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.