Контакт

Спорт

Бунт во Барселона: Си одиме ако ни ги намалите платите

Објавено пред

Челниците на Барселона одржаа состанок со капитените на фудбалската, кошаркарската и ракометната секција. Од спортското друштво предложиле платите на сите играчи да им бидат намалени за 70 отсто додека трае кризата со коронавирусот.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека играчите немале исти ставови со челниците, најдраматично било во кошаркарската секција. Според овој извор кошаркарскиот тим би можел да се распадне.

По состанокот со генералниот директор Начо Родригез, капитенот Анте Томиќ и неговиот заменик Пау Рибас, преку „ВатсАп“ одржале состанок со соиграчите.

Соиграчите на Томиќ и Рибас не го прифатиле добро предлогот, дел од нив се заканиле дека ќе побараат договорите да им бидат раскинати доколку клубот донесе одлука за драстично да им ги намали платите.

„Мундо Депортиво“ тврди дека играчите добиле рок до утре да се изјаснат по предлогот на клупските челници. Истиот извор, бидејќи клубот од почетокот на епидемијата нема никакви приходи, челниците биле принудени да донесат ваква одлука. Намалувањето на платите ќе има само кај спортистите, но не и кај останатиот персонал.

Барселона оваа сезона во кошаркарската секција вложи рекордни 50 милиони евра, колку што изнесува клупскиот буџет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Де Брујне за Санчо: Тој дечко е луд

Објавено пред

Џејдон Санчо ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок. Речиси сите великани од Премиерлигата се заинтересирани за неговите услуги. Прашање е само дали тој ќе го напушти Дортмунд бидејќи неговиот актуелен клуб нема да го пуши за сума помала од 110 милиони евра. Во услови на финансика криза прашање е дали некој клуб би издвоил толку пари за него.

Санчо е фудбалер со светла иднина. Пред некој ден Лионел Меси го посочи како еден од 15 фудбалери кои во иднина ќе го обележат фудбалот. Од неговиот талент е воодушевен и играчот на Манчестер сити Кевин Де Брујне.

„Тој дечко е луд. Тој е чудо. Тој замина од Сити, но тоа се случува. За него тоа излезе добро, а ако сакаме да го вратиме ќе мора да платиме“, рекол Де Брујне.

Санчо од почетокот на сезоната во Бундеслигата постигнал 17 гола и забележал 19 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

АС: Модриќ ќе остане во Реал

Објавено пред

Лука Модриќ до крај ќе го одработи договорот со Реал Мадрид. Хрватскиот репрезентативец има договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2021 година.

Иако уште од минатото лето се шпекулира дека Реал ќе го продаде Модриќ, „АС“ тврди дека тој без оглед на тоа што во септември ќе наполи 35 години ќе остане и наредната сезона во клубот.

Модриќ е играч на Реал од 2012 година, досега има одиграно 333 натпревари на кои постигнал 22 гола.

Со Реал ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Коронавирусот во Италија ќе уништи 12.000 клуба

Објавено пред

Италијанските медиуми пишуваат за катастрофата што му се заканува на фудбалот во земјата. Италија е едно од најголемите жаришта на вирусот Ковид-19 во светот. Во земјата има над 80.000 заразени, а досега од опасниот вирус починале повеќе од 13.000 луѓе.

За спас на спортот, Италијанците подготвија 400 милиони евра. Најголем дел од овие пари ќе биде наменет за фудбалските клубови, иако од владата порачаа дека италијанскиот спорт не е само Серија А.

Темел на фудбалот се аматерските и полуаматерските клубови, кои жестоко се погодени од кризата. Медиумите пишуваат дека 12.000 клуба може да згаснат. Доколку тоа се случи, без својот омилен спорт ќе останат еден милион фудбалери.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ27 минути

Уапсени насилниците кои тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет1 час

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет1 час

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија2 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга...

Македонија2 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на...

Македонија2 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион3 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет3 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија4 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет4 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава4 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет6 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија17 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија17 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија20 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија21 час

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија22 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија22 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија22 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија23 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Досие