Спорт
Целје го победи Вардар и ќе игра финале на турнирот во Струга

Словенечкиот Целје е првиот финалист на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го победи Вардар со 36:28. Со овој триумф, Словенците го освоија првото место во групата Б.
По првиот дел резултатот беше 17:17, но Целје беше далеку подобар во второто полувреме. Клучна беше серијата од 10:4, со која Целје создаде предност, а потоа знаеше да ја задржи.
Филип Талески беше најефикасен со девет гола кај Вардар, кој ќе се бори за третата позиција во конечниот пласман.
На Еурофарм Пелистер му треба да остане непоразен од АЕК во утрешниот меч (21.15 ч.) за да го потврди првото место во групшата и да игра во финалето против Целје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дрилон Ганиу е нов делегат на листата на УЕФА: „Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија“

Дрилон Ганиу е нов делегат од Македонија на листата на УЕФА.
Ганиу кој е актуелнен заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија, се заблагодари за поддршката на социјалните мрежи.
„Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ“, напиша Ганиу.
Спорт
Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид

Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.
Анчелоти претходно објави дека по оваа сезона ќе го напушти клубот со кој освои 15 трофеи во кариерата и застана до најдобрите тренери кои го воделе овој тим во историјата.
Нов предизвик за Италијанецот, најверојатно, ќе биде клупата на бразилската репрезентација, која треба да ја предводи на претстојното Светско првенство 2026.
Спорт
Тешко без Кари, Минесота изедначи на 1:1

Кошаркарскиот тим на Минесота го изедначи резултатот во полуфиналната серија на Западната конференција против Голден Стејт Вориорс на 1:1.
Минесота славеше во вториот натпревар на нејзин паркет со 117:93.
„Вориорс“ направија пробив во првиот натпревар, но беше јасно дека нема да биде лесно по повредата на Стеф Кари, на кого Стив Кер веројатно нема да може да смета во следните два натпревари, a серијата се сели во Сан Франциско.
Бидејќи најважниот играч на „Вориорс“ не беше на паркетот, Џејден МекДениелс успеа да го насочи целото свое внимание кон запирање на Џими Батлер, кого го „сведе“ на само 17 поени. Ги запреа и Тимбервулвс и Бади Хилд и победата дојде.
Тимбервулвс до победата ги предводеа Џулиус Рендл со 24 поени и 11 асистенции, Ентони Едвардс и Никел Александар Вокер со по 20 поени. Едвардс ги исплаши навивачите кога незгодно слета во текот на втората четвртина и накратко се чинеше дека го повреди глуждот, но продолжи да игра во второто полувреме без никакви проблеми.
Тројцата најефикасни играчи за домашниот тим ги следеше МекДениелс со 16 поени.
Кај „Вориорс“, Донатан Камингс беше најефикасен со 18 поени, Батлер, како што веќе споменавме, имаше 17, Хилд и Трајс Џексон Дејвис постигнаа по 15.
Третиот натпревар од серијата ќе се игра ноќта помеѓу сабота и недела, во 2:30 часот по средноевропско време.