Спорт
Чеферин не гледа никаква причина за исфрлање на Челси од Лигата на шампионите
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се надева оти британската влада ќе ја ревидира својата одлука за ограничувањата на Челси поради замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович и дека клубот ќе може да продолжи да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Британската влада одлучи да го замрзне имотот на Роман Абрамович чие богатство се поврзува со владеењето на Владимир Путин во Русија.
Во интервју за словенечката телевизија ПОП-ТВ, Чеферин изјави дека разговарал со претседателот на Челси, кој му рекол дека веќе е во преговори со владата, па затоа очекува одлуката да се промени и клубот повторно да почне да функционира нормално. Што се однесува до настапот во Лигата на шампионите, според зборовите на претседателот на УЕФА, „нема апсолутно никаква причина“ Челси да не се натпреварува, или да биде исклучен од натпреварувањето.
На прашањето дали се плаши од критиките дека УЕФА соработува со руските олигарси, имајќи предвид дека британскиот премиер рече дека не може да има безбедно место за оние кои го поддржаа нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, Чеферин рече дека одлуките на УЕФА по избувнувањето на кризата се навремени и точни.
Чеферин е во изборна година и се кандидира за нов мандат, а ги отфрли шпекулациите дека ќе му биде потребна поддршка од Руската Федерација, што ќе влијае на неговите позиции.
„Никогаш не би направил компромиси, УЕФА донесе правилни одлуки, не би правел компромиси дури и да ме чини да останам на оваа позиција“, изјави Чеферин за ПОП-ТВ.
Што се однесува до одлуката на УЕФА да го раскине спонзорскиот договор со „Гаспром“, руска државна компанија и енергетски гигант, Чеферин рече дека одлуката е донесена неколку дена откако биле верифицирани некои правни клаузули во договорот и дека е јасно дека руската агресија врз Украина мора покажете единство.
Со овој потег УЕФА загуби над сто милиони евра, изјави Чеферин во интервјуто, додавајќи дека е „скршен“ поради одлуката за санкционирање на руските спортисти.
„Верувам дека тие не се согласуваат со оваа војна“, додаде Чеферин на крајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Борусија е во финалето на ЛШ – Хумелс го замолкна Париз
Фудбалерите на Борусија Дортмуд први изборија пласман во финалето на Лаигата на шампиони. „Милионерите“ и во реваншот го совладаа ПСЖ со 1:0. Стрелец на единствениот гол во Париз беше Матс Хумелс во 50.минута. Борусија по пауза ид 11 години е се бори за европската круна. Противник во финалето на „Вембли“ ќе и биде подобриот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
ПСЖ имаше повеќе од играта, напаѓаше во првото полувреме, а во офанзива тргнаа во вториот дел, но Килијан Мбапе и соиграчите немаа доволно спортска среќа. Дури четири пати во второто полувреме ја погодија рамката од голот – двапати стативата и исто толку гредата.
И во првиот натпревар Французите двапати ја погодија стативата (Мбапе и Хакими), но ќе остане запишано дека во 180 минути не успеаја ниту еднаш да го совладаат голманот на Борусија, Кобел.
Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Матс Хумелс во 50. минута. Јулијан Бранд одлично изведе корнер, а искусниот дефанзивец со глава го совлада Џиџи Донарума.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).