Спорт
Челси го потврдија трансферот на Менди

Фудбалскиот клуб Челси го потврди доаѓањето на новиот голман Едуард Менди од Рен. Трансферот на Сенегалецот изнесува околу 30.000.000 евра.
Челси на социјалните мрежи го претстави голманот со напомена дека за место во првиот тим ќе се бори со Кепа Аризабалага и Вили Кабаљеро.
„Петр Чех и нашиот технички тим го идентификуваа Едуард како најдоброто решение за нашиот тим, поради тоа сакавме да дојде кај нас“, изјавила директорката Марија Гранковскаја.
Менди е седмото големо засилување на Челси во овој преоден рок. Претходно клубот ги купи Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел и Каи Хаверц, а како слободни играчи на „Стенфорд Бриџ“ простигнаа Маланг Сар и Тијаго Силва.
Доаѓањето на Менди веројатно значи и крај на кариерата за Кепа Аризабалага во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тотенхем го освои „Еланд Роуд“

Фудбалерите на Тотенхем со победа на „Еланд Роуд“, ја отворија денешната програма од седмото коло во Премиер лигата. Спарс славеа против домаќинот Лидс со 2:1. Тотенхем со четвртата победа во сезоната, привремено скокна на второто место со 14 поени.
Тотенхем поведе на „Еланд Роуд“ со прекрасниот гол на Матис Тел во 23-та минута. За младиот напаѓач ова е прв гол сезонава во Премиер лигата.
До паузата, Ноа Окафор, по шутот на Бренден Аронсон во 34-та минута, налета на одбиената топка и го израмни резултатот.
Првиот пораз за Лидс по 20 последователни натпревари на домашен терен, од кои повеќето беа во Чемпионшип, му го нанесе Мохамед Кудус.
Тој погоди шут со левата нога во 57-та минута, на големо задоволство на гостите од Лондон.
Лидс продолжи да брка барем бод, се закануваа во неколку наврати, а најблиску до гол беше Жоел Пиро во судиското продолжение, сепак, Гилермо Викарио беше на висина на задачата.
Екипата на Даниел Фарке остана на 12-то место на табелата со осум бода.
Спорт
Ал Хилал му нуди богатство на Хари Кејн

Хари Кејн блеска од почетокот на новата сезона. Два пати постигна хет-трик во Бундеслигата, а во првиѕе осум натпревари во сезоната постигна 17 голови.
Неговиот договор со Баерн важи до 2027 година, а со оглед на тоа што има 32 години, никој во Баерн и не помислува на негово заминување.
„Билд“ повикувајќи се на свои извори, тврди нешто друго.
Ал Хилал изразија желба да го доведат Хари Кејн, а во текстот се зборува за неверојатната сума што се подготвени да ја платат за него.
Според овој извор, целиот пакет за три годишниот договор на Кејн би изнесувал 300.000.000 евра.
Патем, ова не е прв пат истиот клуб да го сака Кејн, тие се обидоа да го донесат и во 2023 година, но останаа со празни раце.
Спорт
Тектонски промени во фудбалот – Доаѓа Лига на шампиони 3.0

Идејата за формат на Суперлига во фудбалот е повторно актуелна, и не само тоа, туку е многу блиску до реализација, што значи дека ќе се случат тектонски промени во фудбалот.
Приказната за Суперлигата започна пред неколку години, но не се реализираше. Сепак, ситуацијата сега е сосема поинаква.
Компанијата А22, која беше еден од иницијаторите на идејата за Суперлига, со месеци водела тајни преговори со УЕФА за да формира ново натпреварување, кое би ја заменило постоечката Лига на шампиони, објавува „Мундо Депортиво“.
Натпреварувањето сепак би се викало Лига на шампиони, но на сите нивоа би претрпело големи промени.
Она што веројатно најмногу ги интересира гледачите во Македонија е каде ќе можат да ги следат натпреварите. Според најавите од 2027 година, кога се очекува да биде лансиран новиот форма, А22 и УЕФА планираат сите натпревари да се емитуваат на една глобална ТВ платформа, а во моментов главен кандидат е шпанската компанија „Unify“.
Договорот меѓу УЕФА и телевизиските куќи истекува во 2027 година, што дополнително ја зголемува веројатноста дека гореспоменатиот договор ќе биде имплементиран.
Каков би бил форматот на новата Лига на шампиони?
Имено, таа би задржала 36 екипи и квалификации за натпреварувањето, што е различно во споредба со првичниот план за формирање на Суперлига. Екипите би биле поделени во две групи. Во првата би се натпреварувале првите 18 екипи на УЕФА листата, а во втората екипите од 19 до 36 место.
Осумте најдобри од првата група би оделе директно во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 16-тото место од првата група и екипите пласирани од првата до осмата позиција во втората група, би играле меѓусебно плеј оф за пласман во осминафиналето.
Што се однесува до квалификациите, форматот не би требало да се менува.