Спорт
Челси не успеаја да „купат“ сопствен фудбалер за 4 милиони фунти
Челси е еден од англиските клубовите кој има најмногу фудбалери на позајмица, така што се обидоа да го решат проблемот со повредите и КОВИД во сопствениот тим со враќање на еден од своите фудбалери, но не успеаја ниту за 4 милиони фунти.
Во јануарскиот преоден рок, главниот фокус на тимот на Томас Тухел беше да се најде замена за Бен Чилвел, кој е во аут поради повреда на лигаментите на коленото, и затоа решија дека најдобар начин е да го повикаат назад Емерсон Палмиери од неговата позајмица во Лион.
Меѓутоа, бидејќи во договорот со Лион не постоеше клаузула за враќање, Челси беа приморани да се обидат да го „купат“, и по долги преговори, Лион ја одби понудата од 4 милиони фунти. 27-годишниот италијански репрезентативец со бразилско потекло, призна дека би сакал да се врати на „Стемфорд Бриџ“, но исто така додаде дека е задоволен од минутажата која ја добива во Лион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн стави вето на евентуалниот трансфер на Олисе
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен, стави вето на евентуалниот трансфер, на Мајкл Олисе. Наводно, интерс за Олисе покажал Ливерпул. „Црвените“ веќе сега бараат замена за Мохамед Салах.
„Teamtalk“, пишува дека Французинот е микс од креативност, тактичка интелигенција и е навистина готов производ. Го означиле како идеална замена за Салах, кој и покрај тоа шт има договор до 2027 година, се очекува во летниот преоден рок да го напушти „Енфилд“.
Олисе не брза да се врати во Премиер лигата. Тој играше до 2024 година во Кристал Палас, а во Баерн стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Даде 21 гол и 39 асистенции во Баерн.
Челниците на најтрофејниот германски клуб подготвиле нов договор за францускиот репрезентативец. Доколку ги прифати условите, Олисе ќе потпише со Баерн до јуни 2029 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Феенорд поради Стерлинг го пресели целиот тим во Белгија
Феенорд ќе тренира во следните седум дена во Белгија, наместо во Ротердам, со цел новото засилување Рахим Стерлинг да се вклопи во тимот што е можно поскоро, објавија британските медиуми.
Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за холандскиот клуб минатата недела откако спогодбено се раздели со Челзи, но сè уште не може да тренира или игра во Холандија додека не добие работна дозвола.
Тренерот Робин ван Перси потврди дека тимот ги преместил подготовките во Тубиз, околу 137 километри од Ротердам, токму за да може Стерлинг да тренира со своите нови соиграчи.
„Една од причините е што Стерлинг може да тренира со тимот. Исто така, можеме да работиме на тимската култура. Ова е важно и за Рахим и за процесите низ кои поминуваме“, рече Ван Перси.
Стерлинг, откако го напушти Челзи, разгледа неколку опции, а според извори на Би-Би-Си, околу 18 клубови од Англија и Европа покажале интерес за него пред да се одлучи за Феенорд.
16-кратниот шампион на Холандија моментално е втор на табелата во холандското првенство, 14 бода зад лидерот ПСВ.
Стерлинг постигна 20 гола на 82 натпревари за Англија, но не играл за националниот тим од 2022 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мурињо: Судијата имаше запишано кој играч на Реал не смее да добие жолт картон
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во 85-та минута доби црвен картон. Му следува суспензија, ќто значи дека нема да биде на клупата за една недела, кога Реал и Бенфика ќе го одиграат реваншот. Првиот меч, вчера во Лисабон,з аврпи со победа 1:0 на Реал.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
По натпреварот, тој откри што му рекол на судијата:
„Добив црвен картон затоа што кажав нешто што беше многу јасно. Судијата имаше хартија на која пишуваше „Чуамени, Карерас и Хаусен не смеат да добијат жолт картон“. Само му го кажав тоа. Сите знаеме како стојат работите.“
Foto/ EPA

