Спорт
Челси сака да ја купи ѕвездата на Милан

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го засили тимот во пресрет на новата сезона. Раководството го договори трансферот на Калиду Кулибали кој ќе ја засили одбраната во составот на Томас Тухел, дојде и Рахим Стерлинг, но германскиот стратег сака најмалку уште едно засилување и во нападот.
Откако Рафиња потпиша за Барселона, а Челси извиси за потписот на Бразилецот, сега „сините“ се фокусираат на Рафаел Леао од Милан.
Неговиот договор со „росонерите“ има важност до 2024 година, а има откупна клаузула од 150 милиони евра.
Челси е подготвен да понуди 70 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Динамо Загреб со втор триумф над Лудогорец се чекираше во плејоф за групите во ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во плејофот за пласман во групите од Лигата на шампионите против Бодо/Глимт, откако вечерва на „Максимир“ славеа против Лудогорец со 4:2. Хрватскиот првак победи со 1:2 и на првиот меч во Бугарија.
Мислав Оршиќ беше двоен стрелец, а Јосип Дрмиќ го отвори резултатот на асистенција на Ристовски, а четвртиот гол беше дело на Бруно Петковиќ од пенал.
Лудогорец остана со дури тројца фудбалери помалку во текот на мечот поради исклучувања, а двоен стрелец беше Кирил Десподов.
Спорт
Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во завршни преговори со турскиот шампион Трабзонспор, откриваат медиумите во Турција. Тој треба да биде едно од последните засилувања за тимот пред настапот во Лигата на шампионите, како и во битката за одбрана на шампионската титула.
Трабзонспор не успеа да го доведе Езгјан Алиоски, но можеби ќе има Македонец во тимот, Енис Барди.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови и треба да потпише тригодишен договор. Останува Трабзонспор и Леванте да ги договорат деталите за отштета и трансферот да се реализира.
Спорт
Црвена Звезда со нов триумф над Пјуник до плејоф за групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда го совлада ерменскиот Пјуник и на реваншот со 0:2 и со вкупни 7:0 се пласира во плејоф за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44. минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60. минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2:0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4:0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2:1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1:1.