Контакт

Спорт

Челси со луд пресврт до три поени кај Астон вила (видео)

Објавено пред

Челси го доби првиот меч по паузата поради корона вирусот со два гола во три минути за 2:1 победа кај Астон вила и зголемување на предноста во трката за четвртото место во Премиер лигата по ремито на Манчестер јунајтед.

Во првото полувреме, „сините“ на Френк Лампард ја контролираа играта со над 74 отсто од посед на топката, но Вила беше во водство откако Кортни Хаус по една лоша интервенција на одбраната на Челси во 43. минута ја смести топката во мрежата на Кепа.

Меѓутоа, Кристијан Пулишиќ во 60. минута со убав гол со глава израмни на 1:1, за само три минути подоцна, Оливие Жиру со малку помош од одбраната на Вила да го комплетира пресвртот.

Со победата, Челси се зацврсти на четвртото место во Премиер лигата со 51 поен, три помалку од Лестер на третото место, но поважно пет поени пред Манчестер јунајтед и Вулверхемптон. Вила останува на претпоследното место со 26 поени, еден поен од безбедната зона.

Спорт

Сетиен: Одговорноста е моја, но не во целост

Објавено пред

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, рекол дека тој има само делумна одговорност што клубот нема да ја одбрани титулата во Ла Лига.

До крајот на сезоната во Шпанија останаа уште две кола, во кои Реал ќе влезе со четири бода повеќе од Барселона. Доколку утре Реал го победи Вилјареал, тогаш и теоретски ќе ја обезбеди 34. титула во клупската историја.

Реал до пол-позицијата дојде благодарение на деветте победи во исто толку натпревари по рестартирањето на сезоната. Во исто време Барселона победи шест пати, а три пати играше нерешено (Севилја, Селта, Атлетико Мадрид).

„Ја преземам одговорноста, но не во целост“, рекол Сетиен.

„Секако дека секогаш први на удар се тренерите. Меѓутоа, не мислам дека е катастрофа што трипати одигравме нерешено. Заслугите одат кај Реал, тој победи на сите натпревари“.

Кике Сетиен знае и зошто неговиот тим не бележел подобри резултати.

„Немавме свежина. Екипи какви што се Ваљлјадолид и Осасуна имаа повеќе играчи во ротацијата од нас. Тешко нè погоди повредата на Френки де Јонг“.

Барселона утревечер ќе ја пречека Осасуна.

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер го продава Ериксен

Објавено пред

Кристијан Ерикес во јануарскиот преоден рок за 20 милиони евра го напушти Тотенхем и стана играч на Интер. Клубот од Лондон мораше да го продаде пред истекот на неговиот договор откако тој ги одби сите понуди да остане во Лондон.

Трансферот на репрезентативецот на Данска го иницира спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, тренерот Антонио Конте повеќе го сакаше Артуро Видал во својот тим.

Ерикесен не се приспособи најдобро на новиот тим, ниту на градот Милано. Сè уште живее во хотел. Не добива многу простор кај тренерот Конте, кој по победата над Торино, му порача на Данецот дека Италија не е Англија и мора сериозно да ја сфати Серија А.

Поттикнати од оваа изјава на Конте одделни италијански медиуми денес шпекулираат дека Интер во претстојниот преоден рок ќе се обиде да го продаде Ериксен.

Според нив, челниците на клубот од „Џузепе Меаца“ веќе ја одредиле цената за Данецот. Ериксен ќе може да го напушти клубот доколку некој понуди 60 милиони евра за неговите услуги.

Прикажи повеќе...

Спорт

Симеоне: Не ме чуди што Челси го сакаат Облак, кај нас играат најдобрите

Објавено пред

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне нее изненаден од интересот на другите клубови за голманот Јан Облак (27). Словенецот четири години е најдобриот голман во Ла Лига, а оваа сезона досега примил 26 гола на 36 натпревари.

Медиумите вчера објавија дека Челси ќе се обиде да го донесе Облак на „Стенфорд Бриџ“. Според шпекулациите Челси за Облак го нуди најскапиот светски голман Кепа Аризабалага и 30 милиони евра.

„Не сум изненаден, секоја година нашите најдобри фудбалери се на мета на најдобрите клубови во светот. Нормално е да ги барате најдобрите, а ние имаме многу такви играчи. Некои заминаа, некои останаа. Логично е и нормално е да постои интерес за Облак, тој е напиот капитен и важен играч во тимот“, рекол Симеоне и дополнил.

„Тој е играч кој прави разлика на теренот, важен за нас е и на теренот и во соблекувалната, напредуваше на сите полиња, како голман и внатре во групата“.

Облак кариерата ја започна во Олимпија од Љубљана, четири години мина во Бенфика, а во Атлетико е од 2014 година. За неговиот трансфер „јорганџиите“ издвоија 16 милиони евра.

Облак има договор со Атлетико до 30 јуни 2023 година и откупна клаузула од 120 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45, 77 отсто. На 3463 гласачки места до 19 часот гласале...

Македонија25 минути

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија3 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија6 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион11 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија12 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија13 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Досие