Спорт
Чешка назначи селектор на Евро
Фудбалскиот сојуз на Чешка го назначи Иван Хашек за нов селектор.
Хашек потпиша договор до ноември 2025 година, со можност за продолжување на соработката доколку Чешка се пласира на Светското првенство во 2026 година, откри претседателот на Сојузот, Петр Фоушек.
Хашек рече дека му е чест што се вратил во националниот тим, кој го водеше на пет натпревари од 2009 до 2010 година.
Тој на клупата го замени Јарослав Шилхави, кој на 20 ноември поднесе оставка по последниот меч во квалификациите за ЕП и победата против Молдавија (3:0).
Чешка осми пат по ред се пласираше на ЕП, но Шилхави беше критикуван за лошите настапи во квалификациите. Тимот го зазеде второто место во групата Е зад Албанија.
Шилхави ја предводеше Чешка до четврт-финалето на претходното Европско првенство.
Хашек (60) за репрезентацијата на Чехословачка од 1984 до 1994 година одигра 56 натпревари и постигна пет гола.
Тој беше тренер на тимови во Чешка, Јапонија, Франција и Блискиот Исток, а неговата последна работа беше во репрезентацијата на Либан во 2022 година.
Чешка на ЕП ќе игра во Ф групата против Португалија, Турција една репрезентација од баражот во Лигата на нации што ќе се игра во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити ќе потроши 70 милиони евра за Португалец од Вулверхемптон
Пеп Гвардиола четврти пат по ред, односно петти пат во последните шест години со Манчестер сити стана шампион на Англија. Неколку дена по освојувањето на титулата, клубот ги започна плановите за летниот преоден рок. секако, Сити ќе има речиси неограничен буџет за да му ги исполни желбите на Гвардиола.
До крајот на оваа сезона Манчестер сити ќе го одигра уште финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер јунајтед на Вембли, на 25 ,мај.
Но, раководството на клубот заедно со Гвардиола веќе размислува за потенцијалнуе засилувања. Еден од главните кандидати, според британските медиуми, е напаѓачот на Вулверхемптон, 24-годишниот Педро Нето. Во тековната сезона на 20 натпревари постигна девет гола.
„Волците“ минатото лето му го продадоа Матеуш Нунес на Сити за 62 милиони евра. Како што сега стојат работите, Нето ќе гтргне по стапките на Нунес.
Негивот трансфер ќе биде нов клупски рекорд. Вулверхемптон за него бара 70 милиони евра. Интерес за Португалецот покажа и Њукасл, но прашање е дали „страчките“ можат да им парираат на „граѓаните“ и дали фудбалерот има желба да се пресели во Њукасл.
Непосредно пред да дојде на островот играше во Серија А, беше член на Лацио, но таму не се прослави. Преселбата во Вулверхемптон беше фантастичен потег за неговата кариера.
Доаѓањето на Нето веројатно би значело и заминување на еден од играчите од средниот ред, можно е тоа да биде Бернардо Силва или Џек Грилиш, додека допрва клубот ќе објави каков е статусот на Кевин Де Брујне.
Спорт
Флик го одбил Челси, чекал понуда од Барселона
Германскиот стручњак Ханси Флик ја одбил понудата да го преземе Челзи. „Мундо Депортиво“ тврди дека Флика ќе чека понуда од барселона.
Челзи, вчера му врачи отказ на Покетино. Наводно, прв пик на клупските челници бил Флик.
Германецот е без ангажман, а своевремено ги тренираше Хофенхајм, Баерн и германската репрезентација.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Флик ја следи ситуацијата во Барселона по несугласувањата на релација Џоан Лапорта-Чави Ернандез.
Лапорта во понеделник треба да одржи состанок со Чави на кој ќе се одлучи кој ќе ја води Барселона следната сезона.
Шпанските медиуми тврдат дека доколку Чави добие отказ, Флик најверојатно ќе биде нов тренер на каталонскиот клуб.
Спорт
Силвињо доби албанско државјанство
Бразилецот Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност што со националниот тим избори на Европското првенство.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета.
Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.
Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но челниците на националниот сојуз изразија желба да ја продолжат соработката со бразилскиот селектор.