Спорт
Четворица македонски мускетари ќе имаат фудбалска пролет во Европа

Заокружена е групната фаза и во Лига Европа и во Конференциската лига на УЕФА, а европска пролет ќе имаат четворица македонски фудбалери.
Елиф Елмас е единствениот во Лигата на шампионите, Езгјан Алиоски ќе биде единствен во Лига Европа, додека во Конференциската лига ќе играат Енис Барди и Иван Тричковски.
Елмас и Наполи се носители на ждребот за нокаут фазата откако завршија први во групата, а слична е ситуацијата и со Алиоски и Фенербахче.
Во Конференциската лига ќе играат Енис Барди со Трабзонспор и Иван Тричковски со АЕК Ларнака. Тие во ова натпреварување влегуваат како третопласирани од Лига Европа и ќе бидат во вториот барабан при ждребот кој е закажан за в понеделник, во 12, односно во 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Полуфинални дуели на Евробаскетот – Во центарот на вниманието е дуелот Грција-Турција

До крајот на Евробаскет 2025 останаа да се одиграат уште четири натпревари. Денес на програмата се полуфиналните натпревари на шампионатот во Рига, во кои ќе се натпреваруваат Финска – Германија и Турција и Грција.
Јасно е дека очите на јавноста ќе бидат вперени во второто полуфинале, пресметката на соседите. Сè е подготвено за уште еден епски судир.
Турција ја победи Полска во четвртфиналето со 91:77, по одличната игра на Шнегун, кој забележа трипл дабл (19 поени, 12 скока и 10 асистенции). Грција ја победи Литванија со 87:76 во четвртфиналето, предводена од Јанис Адетокумба, чии поени на крајот го решија натпреварот.
Во последните осум меѓусебни натпревари, Грција ја победи Турција исто толку пати, вклучувајќи ги и пријателските. Интересно е и тоа што Грците не загубиле од Турција во официјален натпревар од 2010 година. Тогаш на Светското првенство во Истанбул, Турците победија со 76:65, а подоцна го освоија среброто.
Пред овој дуел, Турците имаат голем проблем бидејќи Чеди Осман се повреди против Полска и прашањето е колку долго и дали воопшто ќе биде на теренот.
„Тој прими терапија, но не можеше да тренира со тимот. Ќе знаеме каква е неговата повреда и дали ќе биде подготвен за натпреварот, непосредно пред почетокот“, рече селекторот Ергин Атаман.
Чеди Осман е еден од најзаслужните за досегашниот настап на Турција на првенството – тој има просек од 14,9 поени, 2,4 скока и 1,6 асистенции по натпревар, со дури 51 процент успешност во шутот за три поени.
Од друга страна, Грција се потпира на Јанис Адетокумбо, кој постојано покажува дека е лидер на оваа грчка селекција.
Грција и Турција полуфиналето ќе го започнат во 20 часот, претходно во 16 часот својот меч ќе го започнат Финска и Германија.
Спорт
Ферари останува без двајца клучни инжинери

Италијанските медиуми донесуваат вести што ги загрижуваат фановите. Двајца истакнати експерти од одделот за погонски единици на Ферари ќе го напуштат тимот од Маранело.
Според извештаите на „Кориере дело Спорт“ и порталот „Ауторејсер“, Ферари наскоро ќе остане без Волф Цимерман и Ларс Шмит.
Двајцата се клучни луѓе во одделот за развој на мотори, а наводно ги чека нов предизвик во „Ауди“.
Германскиот производител го презема тимот Стејк оваа зима и веќе започна да го формира својот тим. Точниот датум на нивното заминување од Маранело сè уште не е познат.
Цимерман, лидер на проектот за погонски единици на Ферари, се смета за вистински иноватор во светот на моторите во Ф1. Неговото заминување се смета за особено чувствително за Скудерија.
Сепак, развојот на моторите за 2026 година го води Енрико Гвалтиери, што му дава на Ферари одреден континуитет.
Шмит е главен инженер за развој на перформансите на моторот со внатрешно согорување.
Заедно со Цимерман, се очекува тој да го зајакне проектот Ф1 на Ауди.
Цимерман и Шмит повторно ќе соработуваат со Матија Биното, кој го напушти Ферари на крајот од 2023 година.
Спорт
Јунајтед го испрати Онана во Трабзон

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, се пресели во турскиот Трабзонспор до крајот на сезоната.
„Скај Спортс“, објави дека Трабзонспор ќе ја покрие целата плата на Онана за време на неговиот престој во клубот.
По низа грешки, Онана го изгуби местото на голот на Јунајтед, а оваа сезона одигра само еден натпревар за Манчестер Јунајтед, во Лига купот, во поразот од четвртолигашот Гримсби по изведувањето на пенали.
На голот, Алтај Бајиндир ги започна сите три натпревари во Премиер лигата против Арсенал, Фулам и Барнли.
Онана ја започна својата кариера во Ајакс, а на Олд Трафорд дојде од Интер во јули 2023 година за 47,2 милиони фунти.
Одигра 50 натпревари за репрезентацијата на Камерун.