Спорт
Четворица играчи на Јунајтед влегле во клинч по поразот од Брајтон

Рано утрово англиските медиуми објавија дека атмосферата во Манчестер јунајтед е драматично нарушена. Дека многу работи во клубот не одат според плант покажа и дебаклот во саботата на домашен терен од Брајтон (1:3). По мечот имало жесток конфликт меѓу четворица фудбалери.
Против Брајтон, фудбалерите на Манчестер јунајтед изгледаа како никогаш да не одиграле ниту еден натпревар заедно, а сето тоа кулминираше по натпреварот во соблекувалната.
Според англиските медиуми, по натпреварот се случиле два одвоени инциденти во соблекувалната во кои учествувале четворица играчи.
Прво, капитенот на клубот Бруно Фернандеш решил да му каже некои работи на помладиот колега од средниот ред, Скот Мектоминеј.
Против Брајтон младиот Шкотланѓанец го имаше првиот старт сезонава во Премиер лигата. Како одигра подобро беше повторно да биде резерва.
Жесток конфликт имале и партнерите во последната линија, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.
Останува да се види како Ерик Тен Хаг ќе ја реши оваа ситуација, бидејќи ова на тест го става авторитетот што ги има во соблекувалната.
Манчестер јунајтед моментално се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси го пропушти првото финале во кариерата, Мајами остана без трофејот во Купот

Лионел Меси го пропушти првото финале во кариерата, откако на претходните 42 освои 30 трофеи.
Без Меси, но и без Џорди Алба, Интер Мајами не успеа да го освои Купот на САД. Фудбалерите на Хјустон Дајнамо го победија Интер Мајами со 2:1.
Динамо во првото полувреме стекна предност од два гола. Поведе во 24. минута со голот на Грифин Дорси, а девет минути подоцна веќе беше 0:2. Деандре Једлин направи фаул за пенал, а Амин Баси зголеми на 0:2.
NOTHING LESS THAN MAGISTERIAL FROM GRIFFIN DORSEY 💥
Houston Dynamo strike first in the @opencup final. 🍿 pic.twitter.com/nMXSPqxAYJ
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) September 28, 2023
A cheeky penalty from Amine Bassi. 👀
Houston Dynamo are flying in Miami. ✈️ pic.twitter.com/dglDjAmWiN
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) September 28, 2023
Во вториот дел тренерот на Интер, Тата Мартино се одлучи во вториот дел да го внесе на теренот најдобриот стрелец во историјата на МЛС фудбалот, Џозеф Мартинез, но напаѓачот од Венецуела немаше доволно време да го врати Мајами во игра. Успеа само да постигне гол во судиското надополнување и успеа да го ублажи поразот.
Хјустон го освои четвртиот трофеј во историјата, по двете титули во 2006 и 2007 година и Купот освоен во 2018 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Самарџиќ нанижа седум играчи на Наполи и постигна гол

Лазар Самарџиќ (21), на стадионот „Диего Армандо Марадона“, постигна гол достоен на великанот чие име го носи домот на Наполи.
Во шестото коло од Серија А, актуелниот шампион го победи Удинезе со 4:1, но главна приказна од овој натпревар е Самарџиџиќ.
Српскиот репрезентативец роден во Германија ја прими топката крај центарот, а потоа започна незапирлив слалом низ целата половина на Наполи. Самарџиќ го постигна голот откако издрибла и претрча покрај седуммина играчи на Наполи.
Тука може да го погледнете голот на Самарџиќ
Лазар Самарџиќ е роден во Берлин, неговите родители се од Србија. Играше за сите младински селекции на Германија, но за сениорска репрезентација ја избра Србија.
Во неодамнешниот преоден рок се беше договорено околу неговиот трансфер во Интер, но потоа неговиот татко го уништи трансферот барајќи дополнителни бонуси во последен момент.
Самарџиќ дојде во Удинезе пред две години од Лајпциг за 3.000.000 евра. На 69 натпревари, постигна девет гола и забележа седум асистенции. „Трансфермаркт“ го цени на 14.000.000 евра.
Спорт
ФА го обвини Џејмс дека непримерно му се обратил на судијата

Капитенот на Челзи Рис Џејмс е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поради инцидентот во тунелот по поразот во Премиер лигата од Астон Вила (0:1).
Џејмс беше обвинет од ФА за непримерно обраќање кон судијата по завршувањето на натпреварот од шестото коло.
„Џејмс е обвинет дека употребил несоодветен и навредлив јазик кон службеното лице на натпреварот во тунелот по натпреварот“, се вели во соопштението на ФА.
Џејмс има рок до 29 септември да ја изнесе својата одбрана.
Тој не беше во тимот за натпреварот против Астон Вила поради повреда на тетивата.