Спорт
Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето

Ракометната репрезентација на Данска четврти пат по ред стана светски шампион. Данска, во финалето во Осло, убедливо ја совлада Хрватска со 32:26 (16:12)
Ракометарите на Данска ја оправдаа улогата на фаворити во дуелот за златниот медал.
Селекторот Николај Јакобсен, кој ја предводи Данска од 2017 година, ја предводеше својата земја до четвртата последователна светска титула. Таа серија започна во 2019 година со убедливата победа над Норвежаните (31:22) на домашен терен во Хернинг. Славеа во Египет (финале против Шведска – 26:24) две години подоцна, а хет-трикот беше комплетиран во Стокхолм против Французите (34:29).
Скандинавците го диктираа темпото уште од стартот. Хрватска во првите 10 минути постигна само еден гол. Данска оствари предност од трии гола и таа предност лесно ја одржуваше во првиот дел.
Во вториот дел Данците влегоа фуриозно, а практично го решија мечот во 42.минута кога дојдоа до двоцифрена разлика (24:14).
Без сомнение, играч на натпреварот е 24-годишниот Матијас Гидсел. Десниот бек на Фуксе Берлин имаше импресивни учинок 10 гола од 11 удари, како и четири асистенции и една украдена топка. Извонреден на голот беше и Емил Нилсен со 14 интервенции.
Избраниците на исландскиот стручњак Дагур Сигурдсон беа комплетни аутсајдери во ова финале и не го повторија подвигот од Португалија во 2003 година.
Финалниот меч беше последен за Домагој Дувњак и Игор Карачиќ во дресот на Хрватска. Дувњак е рекордер според бројот на постигнати голови и одиграни натпревари во националниот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок за Грците во Лимасол, загубија од Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина ја победи Грција со 80:77 во третото коло, во Д групата на Европското првенство во кошарка.
Натпреварот во Лимасол, покажа дека Грција без Јанис Адетокумбо е просечна репрезентација. Еден од најдобрите играчи во светот, натпреварот го пропушти поради лесна победа на коленото.
И без Јанис, Грците почнаа добро, го контролираа натпреварот, а во втората четвртона дојдоа до највисоката предност 34:21. Од тој момент Босанците се разбудија, направија серија 18:0, не им дозволија на Грците пет минути да постигнат кош и на полувреме заминаа со предност 38:44.
На шесте поени предност Босанците надогради уште три на крајот од третиот период, со големи девет поени предност влегоа во решавачката четвртина.
Босна и Херцеговна о диктираше ритамо дојдоа до предност од 14 поени, која поради слободните фралања може да ја загубат до крајот.
Кошаркарите на Босна и Херцеговина во текот на мечот погодина само 13 од 27-те слободни фрлања, а во последните две ипол минути беа 11 пати на линијата за слободни, погодија само три.
Јусуф Нуркиќ повторно постигна дабл-дабл со 18 поени и десет скока. Исто толку поени постигна и Џон Роберсон, кој го одигра својот најдобар натпревар во првенството. Двоцифрен беше и Един Атиќ со 15, од кои 10 постигна во серојата 18:0 во втората четвртина.
Кај Грците, Слукас пуфрли 15 поени, додека Дорси имаше еден помалку.
Foto/ EPA
Спорт
Тен Хаг отказот го наплати со пет милиони евра

Челниците на Баер Леверкузен, немаа трпение со Ерик тен Хаг. Му врачија отказ на Холанѓанецот по само 62 дена. Тен Хаг го водеше Баер на три официјални натпревари, вкупно 27 минути.
Ниту еден тренер во историјата на Бундес лигата не добил отказ толку бргу. По тоа Тен Хаг ќе биде запишан во историјата.
Но, Баер ќе мора да го испплати Холанѓанецот, бидејќи договорот еднострано е раскинат.
„Билд“, објави дека Тен Хаг ќе добие обесштетување од 5.000.000 евра. Кога ќе се земе предвид дека седеше на клупата 62 дена, излегува дневно тој заработувал речиси 100.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Карагер: Харизмата, шармот и добриот изглед се причините зошто Аморим се уште не добил отказ

Џејми Карагер има необична теорија зошто Рубен Аморим сè уште не е отпуштен од Манчестер јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на „Олд Трафорд“. Поранешната ѕвезда на Ливерпул верува дека харизмата, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот тренер да ја задржи својата работа, пишува „Дејли Мејл“.
Зборувајќи за „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни својот став.
„Постои голема желба Жозе Мурињо да се врати во англискиот фудбал, а причината е што тој секогаш зборуваше без „влакна“ на јазикот, но тој беше победник. Секогаш се сеќаваме на Брајан Клаф, кога бев дете и тој зборуваше, го слушавте затоа што беше победник.
Всушност, го гледам тоа и мислам дека ако Аморим не беше толку харизматичен на прес-конференциите, ако не беше толку убав маж, можеби ќе ја изгубеше работата многу порано. Кога ќе ги погледнете резултатите, тие се ужасни.“
Статистиката не е во корист на Аморим. Јунајтед ја заврши минатата сезона на разочарувачкото 15-то место во Премиер лигата, го загуби финалето на Лигата на Европа од Тотенхем и лошо ја започна новата сезона.
По поразот на домашен терен од Арсенал (0:1), следеше нерешен резултат со Фулам (1:1), а сето тоа кулминираше со шокантно испаѓање од Карабао Купот по поразот по изведувањето на пенали од членот на четвртата лига Гримсби Таун.
Тие тесно го победија Барнли, со гол од пенал во 97.минута (3:2), минатиот викенд.
Во 46 натпревари на клупата на Јунајтед, Аморим успеа да постигне само 18 победи и е под огромен притисок да ја задржи својата работа.
foto/ index.hr