Спорт
Чистка во Бешикташ

По неуспешната сезона во која не успеа да ја одбрани дуплата круна, челниците на Бешикташ подготвуваат реконструкција на тимот.
Турските медиуми пишуваат дека Бешикташ нема да ги откупи договорите на Миралем Пјаниќ и Миши Батшуаи. Овие двајца по завршувањето на сезоната ќе се вратат во своите тимови Барселона, односно Челси.
Исто така дозвола да го напуштат клубот ќе добијат Ленс, Даглас, Нсакала, Алекс Тешеира и Хачисон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Претставен авион во чест на Диего Марадона

Мал приватен авион посветен на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, беше претставен во Буенос Аирес На презентацијата на авионот присуствуваа ќерките на Марадона, Далма и Џанина.
Авионот наречен „Танго Д10С“ е мал авион со 12 седишта и е дизајниран како летечки музеј во чест на славниот Аргентинец, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година.
На трупот доминира ликот на Марадона како го бакнува трофејот на Светското првенство, кој го освои со Аргентина во 1986 година, а неговиот лик се наоѓа и на опашката. Авионот е украсен со боите на аргентинското знаме, и со слики на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
На крилјата на авионот има слики од двата гола што Марадона ги постигна во четвртфиналето на Светското првенство против Англија (2:1), од кои првиот беше наречен „Божја рака“, а вториот се смета за еден од најубавите голови на сите времиња.
Навивачите кои ќе патуваат со овој авион ќе можат да му остават порака на Марадона и да комуницираат со него преку вештачка интелигенција.
„Мислам дека ова е одлична идеја, бидејќи тој е најдобриот играч во историјата. Ова Светско првенство ќе ни биде прво без Марадона, многу ни недостига, но тој е секогаш тука за нас. Ние играчите од генерацијата 1986 секогаш зборуваме за него и се сеќаваме како не водеше до освојувањето на Светското првенство“, изјави поранешниот аргентински репрезентативец Серхио Батиста.
Компанијата која го финансираше проектот „Дај и добиј“ изјави дека првично ќе нуди приватни летови само во Аргентина, а идејата е авионот да патува до Мексико, Неапол и Дубаи, места кои бае важни за животот на Марадона.
Авионот ќе отпатува за Катар на Мундијалот, а потоа ќе биде ставен на аукција, парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.
Спорт
Мхтаријан се сели во Интер

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхтаријан по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер, дознава „Газета дело Спорт“.
Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. Неговиот договор со Рома истекува на 30 јуни.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.
Пред Рома, Мхтаријан играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, на европската сцена се афирмираше во Шахтјор.
Мхтаријан е единствениот играч кој стигна до два евротрофеи со два различни клуба под водство на Жозе Мурињо. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, додека синоќа со Рома го освои трофејот во Конференциската лига.
Спорт
Трка во Мото ГП откажана поради „геополитичка ситуација“

Меѓународната мото федерација (ФИМ) потврди дека трката за Големата награда на Финска е откажана. Трката беше откажана поради доцнење на работите на патеката и геополитичката ситуација предизвикана од руската војна во Украина, јавува агенцијата Анадолија (АА).
„Ризиците кои ги носи моменталната геополитичка ситуација во регионот, како и работата на патеката „Кими ринг“, за жал, не натераа да ја откажеме Големата награда на Финска во 2022 година. Сегашните услови доведоа до одложувања и ја загрозија работата на новата патека“, се вели во соопштението на ФИМ.
Од ФИМ истакнаа дека во календарот за оваа сезона ќе има 20 трки. Траката за Големата награда на Финска требаше да се вози на 10 јули.