Спорт
Спорт: Левандовски е револтиран од понудата на Баерн
Роберт Левандовски има валиден договор со Баерн до летото следната година, но во неколку наврати се пишуваше дека со задоволство би го напуштил клубот, бидејќи сакал да го прифати предизвикот и да го облече дресот на Барселона.
Во Минхен се обидуваат да го обезбедат неговиот престој, но понудата што се обидуваат да ја направат наводно предизвика неочекувана реакција кај полскиот напаѓач.
Каталонски „Спорт“, пишува дека стрелецот на 49 гола на 45 натпревари оваа сезона за Баерн и вкупно 343 гола за клубот добил понуда, да го продолжи договорот на уште една година под исти услови што ги има во актуелниот договор.
„Двете точки од договорот не го задоволуваат Левандовски, чиј гнев кон клупската политика расте“, пишува „Спорт“.
„Во моментов тој е поубеден од кога било дека е дојдено време да се збогува со Бундеслигата и е подготвен да се впушти во последната авантура во елитниот фудбал. Тука секако на сцена стапува Барселона“.
Левандовски смета дека му претстојат уште три години фудбал на највисоко ниво и дека понудата на Баерн воопшто не ги задоволува неговите барања.
Лувствувал дека Баерн не го сака или не го цени доволно и му порачал на својот агент да направи се што може за да се пресели во Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салернитана сака да го врати Кавани во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Салернитана во последното коло успеа да обезбеди опстанок во Серија А, но има многу поголеми амбиции за следната сезона. Раководството на клубот посакува да го ангажира уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани кој ја заврши својата авантура во Манчестер јунајтед.
Кавани во минатото го носеше дресот на Палермо и на Наполи во Италија, а потоа се пресели на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Покрај Кавани како ново име, раководството на Салернитана сака да го задржи и Франк Рибери уште сезона.
Спорт
Роџер Шмит нов тренер на Бенфика: Дојдов за нова успешна приказна

Германскиот тренер Роџер Шмит е именуван за нов тренер на португалскиот гигант Бенфика. Тој доаѓа од редовите на ПСВ Ајндховен, а претходно работеше во Падерборн, Салцбург, Баер Леверкузен и Пекинг Гуан.
„Лисабон е прекрасен град, а Бенфика е еден од најдобрите клубови во светот. Одушевен сум од шансата да пишуваме заедно овде нова приказна и се надевам дека ќе имаме успеси“, изјави Шмит.
🤩 Roger Schmidt já assinou!
✍️ Contract signed!#EPluribusUnum pic.twitter.com/3hT5Ge7WPe
— SL Benfica (@SLBenfica) May 24, 2022
Спорт
Баерн ја официјализира соработката со Мазрауи

Шампионот на Германија, Баерн Минхен соопшти дека Нусаир Мазрауи е и официјално е првото засилување на Баварците, за следната сезона.
Десниот бек на Ајакс дојде во Минхен како слободен играч по истекот на договорот со холандскиот шампион. Мароканецот потпиша договор со Баерн до 2026 година.
24-годишниот Мазрауи целата своја кариера ја помина во Ајакс откако како осумгодишник дојде во клубот од Амстердам. Мароканецот со Ајакс освои три титули шампион на Холандија. Минатиот месец беше познато дека тој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.
Така тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ќе добие уште една опција на позицијата десен бек и достојна замена за Французинот Бенжамин Павар, кого често го користи како стопер.