Спорт
Дабл-дабл на Јокиќ – Денвер победи кај Голден стејт

Денвер нагетс го победи лидерот Голден стејт вориорс, во Сан Франциско, со 89:86. Јокиќ ја имаше клучната блокада на три секунди до крајот. На овој меч Стеф Кари ја постигна 3.000 тројка во кариерата.
Денвер изненадувачки славеа на теренот кај најдобриот тим во лигата. Нахетс имаа предност од 24 поени по првото полувреме. Во последната четвртина влегоа со предност од 14 поени, кога куминга направи серија 11:2 и ги врати Вориорс во мечот.
Последните две минути беа хаотични, двата тима грешеа и промашуваа. На крајот Јокиќ при резултат 88:86, на три секунди до крајот, го блокираше Куминга. Потоа Кампацо од линијата за слободни фрлања погоди еднаш, а Андре Игудала не погоди тројка.
Јокиќ со 22 поени, 15 скока и пет асистенции го предводеше Денвер. Српскиот центар имаше и осум загубени топки. Кај Нагетс двоцифрен број поени, 21, имаше уште само Вил Бартон.
Стеф Кари беше најефикасен кај Вориорс со 23 поени, но со лош процент на реализација. Кари, кој на овој меч ја постигна 3.000 тројка во кариерата, имаше шут од поле 6/16, погоди пет тројки од 14 обиди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познати се сите учесници во Лигата на шампионите – Ждрепката е во четврток

По последните квалификациски натпревари, познати се сите учесници на 71-то издание на Лигата на шампионите. Наградниот фонд за Лигата на шампионите оваа сезона е 3,317 милијарди евра.
Следната сезона 2025/26 ќе биде втора по ред во новиот формат со 36 екипи, при што секој од нив ќе игра најмалку осум натпревари.
Сите екипи ќе бидат поделени во четири шешири од по девет екипи, а ждрепката ќе се одржи во четврток во 18:00 часот во Монте Карло.
Прв шешир: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона
Втор шешир: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт, Клуб Бриж
Трет шешир: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Славија Прага, Боде/Глимт, Олимпик Марсеј
Четврти шешир: Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сен Жилоа, Карабаг, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират
Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 септември, додека финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта.
Спорт
(Видео) Клуб од Четвртата лига го елиминира Манчестер јунајтед од Лига купот

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0).
Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0.
Првиот гол го постигна Вернам во 22-та минута, а Ворен го дуплираше водството на Гримзби по половина час игра.
Манчестер јунајтед се врати во живот во последните 15 минути, со головите на Брајан Ембумо во 75-та и Хари Магваер во 89-та минута.
Бидејќи немаше победник во 90 минути се шутираа пенали. Таму се случуваше вистинска драма, се шутираа 13 серии, а трагичари беа играчите за кои Јунајтед летово издвои речиси 150 милиони евра.
Матеус Куња не успе да ја заврши работата во петтата серија кога резултатот беше 4:4, а Ембумо ја погоди гредата во 13 серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Бенфика го испрати Мурињо во Лига Европа, Бриж ги растури Глазгов Ренџерс

Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген ја комплетираа листата на учесници во главнаѕа фаза, во Лигата на шампионите.
Во најпривлечнит натпревар, Бенфика со 1:0 го победи Фенербахче. Жозе Мурињо и втора сезона по ред не успева со Фенер да дојде до Лигата на шампионите. По 0:0 во Истанбул, Бенфика подобро влезе во реваншот, ВАР им поништи два гола, а во 35.минута Актуркоглу го постигна единствениот гол.
Најдобрата шанса за Фенер ја имаше Ен Несири во вториот дел кога ја погоди гредата.
Копенхаген со 2:0 забележа победа над Базел и со вкпни 3:1 се пласира во ЛШ. Двата гола беа постигнати во вториот дел. Корнелиус погоди веднаш на стартото од второто полувреме, а во 84.минута точка на мечот стави Мукоко.
Клуб Бриж со 6:0 го декласира Глазгов Рензерс и со вкупни 9:1 го мина плеј-офот. Гостите од осмата минута играа со играч помалку. Аронс доби црвен картон. Бриж во првиот дел постигна пет гола и уште еден во вториот.
Foto/ EPA/RODRIGO ANTUNES