Спорт
Дали Динамо Дрезден ќе го уништи враќањето на Бундеслигата?

Откако имаа два позитивни теста на корона вирусот, германскиот второлигаш Динамо Дрезен објави дека целиот тим оди на 14-дневен карантин, фрлајќи сомнеж околу враќањето на Бундеслигата најавено за следниот викенд.
Двете први лиги во Германија треба да стартуваат на 16 мај со мечеви без публика и со низа на сериозни мерки за безбедноста на фудбалерите, но од Динамо Дрезден, клуб кој е на последното место на табелата, објавија дека нема да можат да го играат својот меч против Хановер.
„Во петокот, на 8 мај, третата серија на тестирања за КОВИД-19 покажа дека има два нови случаи во Динамо Дрезден. Фудбалерите беа без симптоми во последните денови, но анализата на ситуацијата посочува дека е потребна 14-дневна изолација на целиот тим, вклучувајќи ги тренерите и придружниот персонал“, се вели во соопштението на Дрезден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Месина: Уживав гледајќи како Ти Џеј Шортс не малтретира
Олимпија Милано на своја кожа ја почувствува моќта на натурализираниот Македонец, Ти Џеј Шортс.
Париз го победи Милано со 92:79, а Шортс успеа да постигне 24 поени, имаше 10 асистенции, шест скока и две украдени топки.
„Очигледно беше дека Шортс доминира. Беше неверојатен. Нема да ми верувате, но дури уживав крај теренот гледајќи како не малтретира”, изјави тренерот на Милано Еторе Месина.
„Сите сме импресионирани од неговиот карактер, неговите одлуки се многу добри“, рече тој.
Тој исто така додаде дека Шортс е исклучително важен во одбраната на неговиот тим.
„Многу е тешко да го нападнете бидејќи е низок, многу брз, многу силен и во горниот и долниот дел од телото. Тој не само што е добар напаѓач, тешко е и да го нападнете“, заклучи прославенуот италијански тренер.
Спорт
Ливерпул ги контактирал менаџерите на Исак

Ливерпул стапил во контакт со менаџерите на Александар Исак, кој се почесто се споменува како потенцијално засилување за тимот од „Енфилд“, пренесува добро информираниот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.
Летото на „Енфилд“ би можело да биде исклучително динамично кога се во прашање трансферите.
Новиот тренер Арне Слот веќе ги одреди позициите кои клубот треба да ги засили, а приоритет е нападот.
Особено што договорот на Мохамед Салах истекува на лето, додека се погласни се шпекулациите за заминување на Луис Дијаз и Дарвин Нуњез.
Меѓу имињата кои се поврзуваат со Ливерпул е и Александар Исак, а Романо открива дека „црвените“ веќе стапиле во контакт со менаџерите на шведскиот напаѓач. Сепак, до овој момент официјалната понуда се уште не е испратена.
Исак се пресели во Њукасл во август 2022 година од Реал Сосиедад за 63 милиони евра. Оттогаш постигна 58 гола на 100 натпревари за „страчките“.
Тој неодамна беше стрелец и во победата на Њукасл со 2:1 над Ливерпул во финалето на Лига купот.
Спорт
Мората се кае што го напуштил Атлетико

Алваро Мората изјави дека жали што минатото лето го напуштил Атлетико Мадрид, откривајќи дека личните проблеми го навеле да донесе погрешна одлука.
Мората минатото лето се пресели од Атлетико во Милан, за кого одигра 16 првенствени натпревари и постигна пет гола, а во јануари се пресели на позајмица во Галатасарај.
Тој изјави дека решил да го напушти Атлетико по бројните повици од тогашниот тренер на италијанскиот клуб Пауло Фонсека, поради кој се чувствувал почитуван, а си заминал откако клубот го донесе Сантијаго Хименез, кој повеќе одговара на тактиката на тренер, Серж Консеисао.
„Фонсека ми се јавуваше секој ден. Не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а кога не се чувствуваш добро, носиш погрешни одлуки во секој аспект од животот. Тренерот на Милан ми се јавуваше секој ден, требаше да се чувствувам сакан и ценет. Морав брзо да одлучам, а не сфатив дека Симеоне исто така се грижи за мене, изјави Мората за „Кадена Сер“.
„Татко ми и мојот менаџер ми рекоа дека носам погрешна одлука, но јас не ги слушав. Кога поминувате низ тешкотии, се изгледа сиво, дури и ако луѓето околу вас велат дека не е така. Да можев да го вратам времето назад, никогаш немаше да го напуштам Атлетико, но не можете да го промените минатото, а сега сум многу среќен”, додаде 32-годишниот напаѓач.
Мората ќе остане на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.
Договорот вклучува опција турскиот клуб да го купи Мората за осум милиони евра до 15 јануари 2026 година.