Спорт
Давид Силва ќе добие статуа пред „Етихад“
Манчестер сити ќе му оддаде почит на својот легендарен фудбалер Давид Силва, кој заминува ова лето од „Етихад“ со статуа пред нивниот стадион и со мозаик во нивниот тренинг-центар.
Шпанецот помина 10 години во клубот и беше клучен во четирите титули од Премиер лигата, а минатото лето, по заминувањето на Винсен Компани, беше прогласен за капитен на тимот. Откако сезоната на Сити заврши со пораз од Лион во четврт-финалето од ЛШ, Силва ќе замине од клубот како слободен фудбалер и, најверојатно, ќе заврши во Лацио.
„Блескавата 10-годишна кариера на Давид Силва ќе биде одбележана со статуа на стадионот ’Етихад’. Силва беше информиран за одлуката од претседателот на клубот, Халдун Ал-Мубарак, по последниот меч од Премиер лигата против Норич минатиот месец. Покрај тоа, во тренинг-центарот ќе има мозаик во чест на Шпанецот“, се вели во објавата на тимот.
Chairman Khaldoon Al Mubarak has revealed plans for a tribute statue to @21LVA to be installed outside the Etihad, while a training pitch with bespoke mosaic will also be dedicated to El Mago at the City Football Academy.
Full interview ⬇️
? #ManCity | https://t.co/axa0klD5re
— Manchester City (@ManCity) August 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

