Спорт
Давид Виља најави крај на кариерата

Шпанскиот голгетер Давид Виља објави дека по завршувањето на сезоната во дресот на Висел Кобе ќе стави крај на својата кариера.
Освојувачот на европската (2008) и светската (2010) титула со Шпанија наредниот месец ќе го прослави 38 роденден.
„Долго размислував за оваа одлука. Таа е резултат на долготрајна дискусија со семејството и пријателите. Сакам да ја завршам кариерата“, изјави на прес конференција Виља.
Најмногу успеси во кариерата имал во Барселона во периодот од 2010 до 2013 година кога освоил осум трофеи, меѓу кои по два во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Во кариерата настапувал за Спортинг Хихон, Сарагоса, Барселона, Атлетико Мадрид, Њујорк сити, Мелбурн сити, а од минатата година е кај поранешниот соиграч Андрес Иниеста во Висел Кобе.
Давид Виља на Мундијалот во Јужна Африка кога Шпанија ја освои титулата беше најдобра стрелец со пет гола. Титулата за најдобар стрелец ја подели сo Диего Форлан, Весли Снајдер и Томас Милер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меѓународниот турнир во забрзан шах Алкалоид 2019 со рекорден број учесници

Традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах (популарно рапид) Алкалоид 2019 оваа година со нов рекорден број од 168 учесници од шест држави, од кои 32 со меѓународни титули, а покрај нив и голем број шахисти аматери и вљубеници во оваа игра.
Со освоени осум поени (седум победи и две реми) на врвот на турнирската табела се најдоа двајца велемајстори. По дополнителниот критериум, првото место му припадна на македонскиот репрезентативец ВМ Кирил Георгиев, а второто на ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија. Зад нив следи група од 6 шахисти со по 7 поени ( од 9 партии), која ја предводеа членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски и ФМ Тони Лазов, потоа ВМ Горан Тодоровиќ од Србија, ИМ Никола Николовски (ШК Гамбит Ассеко) и ФМ Марио Ливаја од Србија.
На турнирот земаа учество и 39 јуниори до 18 години, од кои посебно се истакна 14годишните Стојан Велкоски од ШК Алкалоид и Ташев Александар од Бугарија со освоени 6 поени.
Најуспешна шахистка беше македонската репрезентативка и членка на ШК Алкалоид ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска со 5 поени.
Турнирот, кој се одржува осма година по ред, помина во беспрекорна организација, препознатливата позитивна, фер атмосфера, покрај со признак на шаховски празник кој ги следи настаните во организација на ШК Алкалоид.
Спорт
Одлични партии на Јокиќ и Богдан, Лејкерс не запира (видео)

Лос Анџелес Лејкерс забележаа нова победа во НБА-лигата. „Езерџиите“ предводени од своите супер ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис победија во Атланта. Во ноќта што измина одлични изданија имаа Србите Богдан Богдановиќ и Никола Јокиќ, односно Црногорецот Никола Вучевиќ.
Лејкерси против еден од најлошите тимови во лигата мораа да одиграат максимално сериозно за да забележат победа 101:96 над Атланта Хокс. Леброн Џејмс натпреварот во Атланта го заврши со 32 поени, 13 скока и седум асистенции, а Ентони Дејвис забележа 27 поени и 13 скока. Кај домашниот тим се истакна талентираниот плејмејкер Тре Јанг со 30 поени.
Лејкерс со скор од 24 победи и три порази заедно со Милвоки Бакс е лидер во НБА-лигата.
Деневер Нагетс имаше предност и од 20 поени против Њујорк Никс, но на крајот извојуваа тешка победа 111:105.
Српскиот центар Никола Јокиќ го предводеше Денвер до 19 победа во сезоната со 25 поени, 10 скока и пет асистенции. Ова беше шестиот меч во низа со дабл-дабл учинок за Јокиќ.
Неговиот сонародник Богдан Богдановиќ имаше речси перфектен шут во победата на Сакраменто над Голден стејт 100:79. Богдановиќ мечот го заврши со 25 поени (9/11 шут од поле, 4/5 тројки).
Орландо во Њу Орлеанс ги декласира Пеликанс со 130:119. Во тимот на Орландо по 20-дневната пауза се врати Никола Вучевиќ со учинок од 20 поени и девет скока. Интересно, Вучевиќ беше еден од осумтемина играчи на Орландо со двоцифрен број поени.
Спорт
Љунберг: Треба да ме сменат

Арсенал вчера без да пружат отпор беа поразени од Манчестер сити (0:3). Привремениот тренер, Фреди Љунберг, на прес-конференцијата по мечот упатил јаса порака до челниците на клубот.
„И претходно им кажав дека мора да донесат некаква одлука. Јас и моите соработници сме тука да помогнеме колку што можеме, но време е некој да повлече потег бидејќи ова му штети на клубот. Ако треба да ме сменат нека го направат тоа, време е да дознаеме на што сме. Пер Мертесакер е тренер во академијата, тој сега во исто време е на две работни места. За мене е голема чест што сум на оваа позиција, но не знам уште колку ќе можеме вака. Час поскоро мора нешто да се направи“, рекол Љунберг.
Арсенал пред нешто помалку од еден месец му врачија отказ на Унаи Емери, но се чини дека во клубот нема јасна визија што треба да се прави понатаму.
Како наследници на Емери се споменуваат Масимилијано Алегри, Карло Анлелоти и Маурсио Покетино меѓутоа ова се само новинарски шпекулации, досега никој од челниците не проговорил околу името на новиот тренер.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде