Спорт
Давидович-Фокина не запира, ќе се бори за трофејот во Монте Карло
Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина избори пласман во финалето на мастерсот во Монте Карло. Во првото полуфинале на турнирот, Давидович-Фокина по два часа и 42 минути го победи Григор Димитров со 6/4, 6/7, 6/3.
Давидович-Фокина, во моментов 46. на АТП листата, прв пат во кариерата ќе се бори за трофеј.
Младиот Шпанец имаше можност да го реши полуфиналето во два сета, сервираше за меч при водство 5:4, сепак Димтров успеа да се врати во мечот, а во тај-брејкот израмни на 1:1.
Бугаринот направи брејк во третиот сет, дојде до 2:0, имаше три брејк топки за предност од 3:0, откако не ги искористи, неговата игра се распадна. Шпанецот освои пет гема по ред и го реши мечот.
Во првото финале во кариерата, Давидович-Фокина ќе игра против бранителот на трофејот Стефанос Циципас или Александар Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларно последно коло во ЛШ
Лигашката фаза од Лигата на шампионите заврши со спектакуларното последно коло, во кое се одиграа 18 натпревари истовремено.
Клубовите пласирани од првото до осмото место на единствената табела директно влегоа во осминафиналето. Оние кои завршија од 9-то до 24-то место ќе играат меѓусебно во плејоф за да влезат во осминафиналето.
Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити директно влегоа во осминафиналето.
Во плејофот се пласираа: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо/Глимт и Бенфика.
Лига на шампиони, 8. коло:
Ајакс – Олимпијакос 1:2
/Долберг 69П – Мартинс 52, Хезе 79/
Арсенал – Каират Алмати 3:2
/Ѓокереш 2, Хаверц 16, Мартинели 36 – Жоргињо 7П, Рикардињо 90+4/
Атлетик Билбао – Спортинг 2:3
/Сансет 3, Гурузета 28 – Диоманде 12, Тринкао 62, Сантос 90+4/
Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт 1:2
/Серлот 16 – Сјоволд 34, Хог 59/
Барселона – Копенхаген 4:1
/Левандовски 48, Јамал 60, Рафиња 69, Рашфорд 85 – Дадасон 5/
Баер Леверкузен – Виљареал 3:0
/Тилман 12, 35, /
Бенфика – Реал Мадрид 4:2
/Сјелдеруп 36, 54, Павлидис 45+5, Трубин 90+8 – Ембапе 30, 58/
Борусија Дортмунд – Интер 0:2
/Димарко 81, 90+4/
Клуб Бриж – Марсеј 3:0
/Ѓакон 4, Вермант 12, Станковиќ 79/
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:2
/Коло-Муани 47, Соланке 77/
Ливерпул – Карабаг 6:0
/МекАлистер 15, 61, Вирц 21, Салах 50, Екитике 57, Киеза 90/
Манчестер Сити – Галатасарај 2:0
/Халанд 11, Шерки 29/
Монако – Јувентус 0:0
Наполи – Челзи 2:3
/Вергара 33, Хојлунд 43 – Фернандез 18, Педро 61, 82/
Пафос – Славија Прага 4:1
/Драгомир 17, Бруно 53, Силва 84, Оршиќ 87 – Чалупек 44/
ПСЖ – Њукасл 1:1
/Витиња 8 – Вилок 45+2/
ПСВ – Баерн 1:2
/Саибари 78 – Мусијала 58, Кејн 84/
Унион Сент Жил – Аталанта 1:0
/Калаили 70/
Спорт
Германија ја детронизира Франција, Хрвастка на „мускули“ ја победи Унгарија
Ракометарите од Хрватска и Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Првите избегнаа катастрофа против Унгарците со пресврт (27:25), вторите ја изненадија Франција во феноменален натпревар (38:34).
Хрватска – Унгарија 27:25 (13:15)
И покрај фактот дека беа во водство до последните 15 минути, избраниците на Чема Родригез потклекнаа во последната четвртина од натпреварот, што немаше никакво значење за нив.
Хрватска се мачеше против борбените Унгарци, успеа да го постигне толку посакуваниот пресврт и да го потврди пласманот меѓу четирите најдобри ракометни нации на Стариот континент, со серијата 7:1 во средината на второто полувреме, со која од минус четири се дојде до предност од два гола.
Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Ловре Кларица, Давид Мандиќ, Марио Шоштариќ и Тин Лучин со по четири гола. Унгарците ги предводеа Бенце Имре (7) и Зоран Илиќ (5).
Германија – Франција 38:34 (19:15)
Во натпреварот што го одлучи тимот што обезбеди пласман во полуфиналето од првата група зад Данска, „панцерите“ направија изненадување и ги надиграа бранителите на трофејот во извонреден натпревар.
Во исто време, Франција остана без директен пласман на Светското првенство, што значи дека ќе мора да игра во квалификациите.
Предводени од Јури Кнор, Германците имаа водство од пет гола до почетокот на втората половина од играта, но противникот се разбуди во продолжението и им приреди на публиката во Хернинг трилер завршница.
Момците на Гисласон ги збија редовите и успеаја да го одбијат налетот на Французите.
Инспирираниот Кнор ја предводеше Германија со 10 гола, додека Дика Мем постигна гол повеќе на спротивната страна.
Доколку Данците ја победат Норвешка како што се очекува, ќе се натпреваруваат против Исланд во борбата за финалето. Ова значи дека втората двојка ќе биде Хрватска – Германија, додека Шведска и Португалија ќе играат во плејофот за петтото место.
Спорт
Пакета си ја исполни желбата, се враќа во Фламенго
Лукас Пакета го напушта Вест Хем и се враќа дома во Фламенго.
Како што беше најавено во текот на претходните недели, Пакета успеа да го натера Вест Хем да преговара и да добе обесштетување, од актуелниот шампион на Јуѓна Америка од 42.000.000 евра.
Ова е рекорден трансфер за бразилскиот клуб, а претходното најскапо засилување беше Самуел Лино, кој минатото лето, пристигна од Атлетико Мадрид за 22.000.000 евра.
Лукас Пакета сакаше да се врати во својот матичен клуб, во својот роден град, од кој замина како тинејџер во големиот Милан, како еден од најталентираните Бразилци, за дури 38.500.000 евра. Милан беше преголем залак, тој го напушти „Сан Сиро“ по само 18 месеци и замина во Лион за 23.000.000 евра.
Тој експлодираше во Лион, што беше причина Вест Хем да го купи по две години, во летото 2022 година, за 42.900.000 евра.
Пакета така се враќа во својот Рио по точно седум години, а навивачите подготвуваат спектакуларен пречек за најскапото засилување во историјата на клубот.
Треба да се напомене дека Пакета е во својот најдобар период, бидејќи има 28 години и ќе биде лидер на тимот на Фелипе Луис во борбата за сите трофеи.
Одигра 139 натпревари за Вест Хем, постигна 23 гола и додаде 15 асистенции.
Foto/ depositphotos

