Спорт
Давидовски заврши на четвртото место на „Норисринг“

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски имаше добар настап на патеката „Норисринг“ и заврши на четвртата позиција во ТЦР Европа, додека неговиот тимски колега Франко Џиролами го освои првото место.
Давидовски беше осми во завршницата, но го покажа неговиот квалитет и успеа да стигне до четвртото место, а со тоа освои 27 бода.
Тимот на Давидовски и Џиролами се наоѓа на лидерската позиција. Следната трка во ТЦР Европа се вози во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проблем за Ливерпул, Конате е повреден

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим.
Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси.
Сега останува прашањето дали ќе биде во тимот на Ливерпул за следниот меч против Манчестер јунајтед.
Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.
Спорт
Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0-1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на СП 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот.
Според ТВ „Арена спорт“, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал.
Пауновиќ неодамна доби отказ од шоанскиот прволигаш Овиедо, а запаметен е по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.
По тој успех, тренираше во Мексико, Англија и САД. Последно беше на клупата на Овиедо, каде го врати клубот во Ла Лига по 24 години. Сега повторно е слободен и блиску до клупата на Србија.