Спорт
Де Лаурентис во Италија би формирал Е-лига – Е значи елита
Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис е еден од ретките клупски челници кој отворено ја поддржа европската Суперлига. Само тој и претседателите на реал и Барселона, вчера беа задоволни од одлуката на Европскиот суд, кој пресуди во спорот со ФИФА и УЕФА, пресуди во корист на Суперлигата.
Де Лаурентис рече дека пресудата на Европскиот суд на правдата е преседан во историјата на фудбалот и дека тој веднаш би формирал елитна италијанска лига, која би им донела многу пари на учесниците.
„Се сретнав со претседателот на Реал Флорентино Перез и се договоривме дека треба да разговараме со други претприемачи за нашите идеи. Фудбалот го водат стари луѓе без визија. Фудбалот е бизнис и тој мора да расте. Јас инвестирам милиони за да се натпреварувам во циркус од кој добивам трошки. Тоа ме тера да се коцкам и уште повеќе да вложувам во проект кој не се исплати.
Италијанската лига има повеќе клубови од претходно, но приходите се намалени. Веднаш би ја започнал Е лигата. Буквата Е значи елита. Ќе се натпреваруваат само клубови со голем број навивачи, вкупно 14. Навивачите би ги избрале клубовите кои би се натпреварувале во таа лига. Стадионите би биле преполни, како во затворената лига на НБА“, изјави Де Лаурентис во интервју за „Кориере дело спорт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Се чини дека Јокиќ го избегна најлошото
Денвер Нагетс и негвоите навивачи, но и сите вистински кошаркарски фанови можат да здивнат. Неофицијално повредата на Никола Јокиќ не е серизона. За потсетување, лидерот на Денвер и лидер во МВП трката, во НБА лигата, го повреди коленото, во финишот на првото полувреме, против Мајами Хит.
Како што објави „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до Денвер, првите индикации се дека станува збор за хиперекстензија и дека не е настаната сериозна штета на коленото..
Истите информации ги објави нешто подцна и „Моцарт спорт“, кој додава дека, најдобриот играл во лигата ќе паузира околу еден месец.
Тие информации се во согласност со првите проценки на лекарите, кои претпоставија дека станува збор за „модринка“ на коската, односно хиперекстензија на коленото.
Соиграчот на Јокиќ, Кам Џонсон, неодамна ја претрпе истата повреда и познато е дека ќе се рехабилитира од четири до шест недели.
Јокиќ утре треба да направи магнетна резонанца, но судејќи според првичните реакции, најдобриот кошаркар на светот требало да избегне подолга пауза.
Јокиќ се повреди на натпреварот против Мајами, а повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри во долниот дел од ногата и му го повреди левото колено.
Јокиќ се струполи на подот, држејќи го коленото и превиткувајќи се од болка. Веднаш замина во соблекувалната и не се врати на теренот.
Денвер го загуби натпреварот во Мајами со 147:123, а Јокиќ имаше 21 поен, осум асистенции и пет скока до повредата.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
ФФМ покрена постапка за финансиска измама против Муамед Сејдини
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.
Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција.
Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата.
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.
Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.
Спорт
Бренан Џонсон го напушти Тотенхем
Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“.
Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк.
Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во Лигата на шампионите и Лига купот.
Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично е што реши да си замине.
Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра. Договорот ќе биде потпишан кога Џонсон ќе го договорили финансиските услови со Палас.
Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаила Сара и Енкетија.
Кристал Палас се бори на неколку фронта, а главната цел е да го нападне трофејот во Конференциската лига.
Foto/ depositphotos

