Спорт
Де Зерби: Ако проблемот е во мене, подготвен сум да заминам
Олимпик падна во резултатска криза. Навивачите се незадоволни по поразот на домашен терен од Оксер 3:1, а тренерот Роберто де Зерби понуди да си замине.
Поразот од Оксер е трет во последните шест натпревари, во кои беа забележани и две победи и едно реми.
– Не ми зборувајте за второ, трето или четврто место. Дојдов овде да дадам, да пренесам. Живеам за нешто надвор од фудбалот. И затоа, ако има проблем со мене, подготвен сум да заминам. Парите не ме интересираат, тоа што го барам е да бидам задоволна од мојата работа. Ако велам дека тоа е моја одговорност, тоа е затоа што навистина се чувствувам така – изјави Де Зерби .
Олимпик и понатаму е втор на табелата, сега со шест бода помалку од ПСЖ, со натпревар помалку. Тимот од Марсеј има натпревар повеќе од Монако со кој има ист број на бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пјер Гасли влезе во историјата на Формула 1
Вчера во Абу Даби заврши сезоната во Формула 1. макс Ферстапен ја одбрани титулата, а Ландо Норис со победата на патеката „Јас Марина“ му ја донесе на Мекларен првата конструктораска титула од 1998 година.
Трката во Абу Даби ќе остане запаметена и по тоа што тоа беше последна за Луис Хамилтон во Мерцедес, бидејќи седумкратниот светски шампион од следната сезона ќе вози за Ферари.
Сепак, покрај сето тоа, во центарот на вниманието беше и Пјер Гасли, кој се истакна на последните неколку трки од сезоната во болидот на Алпин и на овој тим му го донесе шестото место кај конструкторите, што до пред само неколку недели се чинеше како невозможна мисија.
Покрај одличната форма на крајот од сезоната, Гасли успеа да ја одбележи и 2024 година бидејќи на специфичен начин влезе во историјата на Формула 1.
Имено, Гасли стана првиот возач во историјата на Формула 1 кој ја завршил сезоната без да потроши ниту едно евро за поправка на својот болид.
This is mind-blowing: Pierre Gasly has made history as the first ever Formula 1 driver to complete a season with absolutely no damage to his car 🤯
Realize how remarkable this is given the fact that Gasly isn't in a top-tier car and always starts/races from a position with the… pic.twitter.com/Gn4ZySzG9n
— Marc🏎 (@433_marc) December 8, 2024
Спорт
Луда приказна за Јокиќ и Партизан: Ми повикавте поради ова момче? Нема да слезам на теренот
Кариерата на најдобриот кошаркар на планетата, Никола Јокиќ, можеше да тргне во целосно поинаков правец, доколку Партизан во 2010 година ги препознаеше квалитетите на кошаркарот кој доминира во НБА лигата.
Имено, како што изјави Мајк Сингер, новинар близок до клубот на Јокиќ, Денвер Нагетс во својата книга „Why so Serious?“ каде меѓу другото се занимава и со животот на ѕвездата на Денвер, за време на кошаркарскиот камп на Златибор, Партизан имал можност да потпише договор со 15-годишниот Никола Јокиќ, но тогашниот тренер на младинците на црно-белите, Горан Тадиќ, решил да го одбие под изговор дека е само еден од многуте талентирани играчи, какови што има многу во Белград.
Сето ова го откри првиот тренер на идниот трикратен МВП, Исидор Рудиќ во книгата на Сингер.
„На балконот, со поглед на теренот, тренерот на Партизан Горан Тадиќ погледна преку оградата и без многу размислување го кажа следново: „Ми повикавте поради ова момче? Нема да слезам на теренот. Имаме многу такви момци во Белград“, ја откри Рудиќ за најголемата грешка на Тадиќ во неговата тренерска кариера.
После тоа, Никола Јокиќ никогаш не заигра за Партизан, а подоцна преку Мега и АБА лигата замина во НБА. На Денвер му ја донесе првата шампионска титула во историјата на франшизата, а тој три пати во последните четири години беше прогласен за најдобра играч.
Спорт
Јувентус нема пораз во шампионатот, а го има најлошиот старт во Серија во последните 14 години
Во првенството на Италија се одиграни 15 натпревари, а Јувентус е единствениот тим во Серија А кој досега нема пораз. Парадокс е што Јуве е без пораз, а има историски лош почеток на сезоната, бидејќи во изминатите 14 години, само еднаш освоил помалку поени по толку одиграни натпревари.
Екипата на Јувентус во изминатите 15 натпревари забележа шест победи, но дури девет пати ремизираше, па со 27 бодови го држи шестото место на табелата.
Заостанува седум бода зад лидерот Аталанта. Според “Газета дело Спорт“, во последните 14 години Јувентус само во сезоната 2021/22. имаше помалку бодови по 15 натпревари отколку во тековното првенство.
Клубот од Торино тогаш беше предводен од Масимилијано Алегри, а по седум победи, три нерешени и пет порази имаше 24 бода. Јувентус таа сезона ја заврши на четвртото место во Серија А со 70 бодови.