Спорт
(Видео) Хет-трик на Винисиус, Реал ја декласира Осасуна
Во 13. коло од шпанската Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид победи против Осасуна со 4:0. Винисиус Жуниор постигна хет-трик. Бразилскиот крилен напаѓач беше прецизен во 34., 61. и 69. минута од натпреварот, а еден гол постигна Џуд Белингем во 42. минута.
Осасуна можеби и најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната, разочара во Мадрид, играчите на тимот од Памплона упатија само еден удар кон голот на Лунин.
Покрај убедливата победа, натпреварот го обележаа и повредите во тимот на Реал. Карло Анчелоти направи три принудни измени.
Впечатокот е дека најтешко се повреди Едер Милитао, стоперот кој во 30. минута со болни крици ја напушти играта. Наместо него, во игра влезе Раул Асенсио, 21-годишен стопер, кој потоа му асистираше на Белингем за вториот гол.
Реал поради повреди мораше да замени уште двајца играчи. Веќе во 20. минута Родриго ја напушти играта и на негово место влезе Брахим Дијаз, а во второто полувреме исто така поради повреда заменет беше и Лукас Васкез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Првиот ден паднаа седум светски рекорди на Мундијалот во Будимпешта
Неверојатен старт на Светското првенство во 25-метарски базени во Будимпешта. Во текот на првиот ден беа соборени осум светски рекорди.
Самер Мекинтош ја продолжува својата сезона од соништата. По трите златни медали на Олимписките игри во Париз, 18-годишната Канаѓанка го собори светскиот рекорд на 400 слободно на СП во 25-метарски базени.
До целта и златниот медал стигна за 3:50.25 минути, а за една секунда и пет стотинки ја надмина границата од соништата која беше во сопственост на Кинеската Ли.
Мекинтош пристигна во Будимпешта како прва ѕвезда на шампионатот и тој статус уште првиот ден го оправда.
Лани Палистер (3:53,73) го зазеде второто место со рекордот во Океанија, додека трета заврши уште една Канаѓанка, Мари Софи Харви.
Расположена за соборување на рекорди е и Гречел Волш. Таа утрото го постави најдобриот планетарен резултат на 50 метри делфин со 24.03 секунди, а потоа во полуфиналето ја помести сопствената граница на 23.94 секунди. За околу шест часа Американката заработи 50.000 долари, бидејќи секој светски рекорд се наградува со 25.000 зелени банкноти.
Трендот на поместување на границите на соништата продолжи во истата дисциплина, но во машка конкуренција. Швајцарецот Ноа Понти во полуфиналето стигна до целта за 21.43 минути и го надмина претходниот личен и светски рекорд за седум стотинки.
По Понти, на ред дојде Кејт Даглас. Американката во финалето во дисциплината 200 метри мешано исплива 2:01.63 минути и го надмина една деценија стариот рекорд на славната Унгарка Катинка Хосу. Втора беше нејзината сонародничка Алекс Волш, а трета Британката Аби Вуд.
Женската штафета 4 x 100 слободно на САД го постави најдобро време во историјата. Даглас, Шекел, Беркоф и Волф ја минаа патеката за 3:25.01 минути. Во истата дисциплина златото го освои и машката штафета на САД со време на нов светски рекорд. Алекси, Хобсон, Смит и Џулијано пливаа 3:01.66 минути.
Спорт
Дупла победа за Французинките, ја победија Унгарија и ја избегнаа Норвашка во полуфиналето
Француските ракометари го освоија првото место во Групата 1 и ја избегнаа Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.
Во директна пресметка за позицијата 1 во групата, Франција ја победи Унгарија со 30:27 (13:13). Унгарките можат да бидат незадоволни бидејќи и со нерешен резултат ќе беа на врвот од оваа група.
Францијаго отвори мечот со 4:0, но домашната селекција успеа да се врати во мечот и со 13:13 да го заврши првото полувреме.
Сепак, во второто полувреме до израз дојде индивидуалниот квалитет на француските ракометарки. Исто така и озворедната голманка Шацл не беше на нивото од првиот дел.
Франција успеа да го добие мечот и сега да го чека победникот од дуелот меѓу Данска и Холандија што ќе се игра во среда.
Унгарија по 12 години избори полуфинале на ЕП, а таму ја чека главниот фаворит за златниот медал, Норвешка.
Спорт
(Видео) Ливерпул победи во Џирона, бод за Динамо против Селтик
Ливерпул победи во Џирона со 1:0, а Динамо во Загреб одигра натпревар без голови против Селтик. Ова е епилогот на натпреварите кои го отворија шестото коло во Лигата на шампионите.
Џирона пружи отпор но не успеа да остане непоразена против најдобриот тим досега во Лигата на шампионите. „Црвените“ го задржаа максималниот ефект и по шестото коло, благодарение на голот што го постигна од пенал, Мохамед Салах по еден час игра.
На „Монтоливи“, двата тима одиграа одличен натпревар, имаа свои шанси, особено во првото полувреме, но голманите Газанига и Алисон беа несовладливи. На крајот победникот беше реше со удар од белата точка. ВАР пресуди дека Ван де бек го фаулирал Куис Дијаз.
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски поради повреда го пропушти натпреварот.
На „Максимир“ во Загреб, Динамо и Селтик освоија по бод. Резултатот 0:0, најдобро отсликува дека ниту еден од тимовите не ризикуваше премногу. И Динамо и Слетик беа задовлни со по еден бод.
Во текот на целиот меч двата тима имаа по една добра шанса.
По шест кола Сетлтик има девет, а Динамо осум бода. Лидер е Ливерпул со 18 бодови и речиси сигурно обезбеден пласман во Топ 8.