Спорт
Де Зерби: Фаул му претходеше на голот на Пандев

Тренерот на Сасуоло Роберто Де Зерби бил незадоволен од судењето на натпреварот со Џенова. Тимот на Де Зерби синоќа загуби во Џенова (2:1), голот за победа на „грифоните“ го постигна Горан Пандев во 87 минута.
Предводникот на Сасуоло на бил незадоволен од одлуките на судиите во моментите кога Џенова ги постигнувала головите.
„Пеналот за Џенова е скандалозно досуден и евидентно е дека постоеше фаул врз Берарди во текот на акцијата кога Пандев постигна гол“, рекол Де Зерби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Теодосиќ „полуде“ се караше со челниците на АБА лигата и судиите

Кошаркарите на Црвена звезда во драматична завршница славеа во Лакташи, против Игокеа со 95:90 и се пласираа во полуфиналето на региналната АБА лига.
Немања Недовиќ ја предводеше Црвена звезда со 26 поени и шест асистенции, Рпокас Гедраитис на 10 секунди до крајот постигна тројка со која го реши мечот, а во финишот се „истакна“ 37-годишниот Милош Теодосиќ, кој за неколку секунди доби две технички грешки, откако преходно направи фаул врз Марко Јеремиќ при шут за три поени.
Она што Милош Теодосиќ им го кажа на тројцата судии Урош Николиќ, Милан Недовиќ, Владимир Јевтовиќ, па заработи две технички грешки во рок од неколку секунди, присутните во салата во Лакташи не можеа јасно да го чујат, бидејќи…
Инцидентот со судиите се случи на центарот на теренот во време кога најискусниот кошаркар на Црвена звезда беше опкружен со други играчи, со вообичаената бучава во салата.
Сепак, кога Тео се сврте кон првиот ред каде што седеа комесарот за делегирање на судиите Срѓан Дожај и спортскиот директор на АБА лигата Милија Војиновиќ, навивачите во непосредна близина јасно можеа да ги слушнат зборовите на Теодосиќ.
Пред да исчезне во тунелот, Теодосиќ им рекол на Дожај и Војиновиќ:
„Сите овие се твои, ти ги прати…“, алудирајќи на судиите.
Ќе биде интересно да се види каква ќе биде реакцијата на регионалното натпреварување на овој инцидент.
— OvoOno (@OvoOnoX) May 15, 2025
Спорт
Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Шпанскиот суд изрече историска пресуда, осуди петмина навивачи на Ваљадолид за расистички навреди.
Во натпревар од Ла Лига одигран на 30 декември 2022 година, играчот на Реал, Винисиус, беше расистички навредуван од неколку навивачи на Ваљадолид додека го напушташе теренот за замена.
Шпанската јавност го следеше овој случај (како и за бројни други инциденти на други стадиони) се пишуваше со месеци, а во соработка меѓу полицијата и клубот, беа идентификувани злосторниците.
Во тоа помогна и фактот што на социјалните мрежи беше објавено видео, каде јасно може да се чуе што велат оние што го снимаат контроверзното видео или оние што се блиски до нив. Ова всушност овозможи да се идентификуваат петте осуденици.
Недолго по овој инцидент, Ваљадолид суспендираше 12 навивачи и им забрани влез на стадионот, а истрагата покажа дека петмина од нив се одговорни за расистичките навреди.
Истрагата и судењето траеја речиси две години, а за време на судењето обвинетите се изјаснија за виновни и изразија жалење за своите постапки.
Судот ја окарактеризира нивната акција како злосторство од омраза, а беше утврдено дека имале јасна намера да го навредат и понижат играчот на расна основа.
Секој од петте навивачи доби затворска казна од една година, парична казна од 1.620 евра и четиригодишна забрана за присуство на натпревари на кој било стадион во Шпанија.
Исто така, им е забрането да учествуваат во спортски, образовни и рекреативни активности за време на издржувањето на казната.
Винисиус имал право и на парична отштета, но се откажал од неа „бил задоволен што добил правда“.
Спорт
Ливерпул ја активира клаузулата во договорот на Фримпонг

Џереми Фримпонг ќе биде првото засилување на Ливерпул за сезоната 2025/26.
Оваа вест ја потврди еден од најдоверливите извори, блиски до она што се случува на „Енфилд“, Пол Џојс.
Тој го потврди она што се шпекулираше со денови, дека Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула од 35 милиони евра и дека Фримпонг автоматски ќе го напушти Баер Леверкузен.
Арне Слот сигурно ќе има причина да биде среќен, а блиски извори пишуваат дека тој особено го сакал Фримпонг бидејќи може да ја покрие целата десна страна од теренот, а доколку е потребно и да го замени Мохамед Салах, бидејќи има исклучително силни офанзивни карактеристики.
Фримпонг, кој започна во младинската академија на Манчестер сити и играше за Селтик, ќе ја преземе позицијата десен бек од 26-годишниот Александер-Арнолд.
Оваа сезона, тој одигра 53 натпревари за клубот и репрезентацијата и беше еден од клучните играчи во кампањата на Леверкузен за првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.
Селтик, неговиот поранешен клуб, ќе добие одреден процент од обештетувањето, според некои информации наведуваат дека е договорен процент од дури 30% кога Фримпонг од Селтик во 2021 година се пресели во Леверкузен.