Спорт
Дебакл на Мајами во Бостон

Кошаркарите на Бостон славеа против Мајами со 102:82 во натпреварот број четири од финалната серија на Истокот. Така успеаја да израмнат во серијата на 2:2 и да внесат дополнителна драма, за разлика од Западот каде Голден Стејт е во убедливо водство против Далас.
Селтикси, н почетокот најавија во кој правец ќе се движи натпреварот. Тие имаа предност од 26:4. Во тие први 12 минути Мајами промаши буквално од сите позиции, а потоа навистина немаше на што да се надева.
Во тимот на Мајами буквално сите потфрлија, па Џими Батлер, најдобриот играч на тимот, за 28 минути успеа да постигне само шест поени.
Колку беа лоши говори податокот дека Бам Адебајо застана на девет, Кајл Лаури на три, а Струс и Пи Џеј Такер не постигнаа ниту еден поен.
Данкан Робинсон додаде 14, Кејлеб Мартин 12, а најдобар беше Виктор Оладипо со 23 поени.
Кај победниците се истакна Џејсон Тејтум со 31 поен и осум скока, Пејтон Причард додаде 14, Дерик Вајт 13, а Џејлин Браун и Роберт Вилијамс по 12. За Бостон не играше Маркус Смарт, кој во раната фаза го повреди зглобот.
Следниот, петти натпревар се игра ноќта меѓу среда и четврток од 02.30 часот по средноевропско време, а домаќин е тимот на Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед испратиле понуда за Џејми Варди

Манчестер јунајтед до крајот на преодниот рок ќе мора да донесе напаѓач. Откако им птпадна комбинацијата со Саша Калајџиќ од Штутгарт, од клубот го контактирале Мауро Икарди, а „Атлетик“, тврди дека вчера клубот испратил понуда до Лестер за ветеранот Џејми Варди.
„Атлетик“ е сериозен медиум, не брка сензационализам, што на информацијата и дава посебна тежина. Манчестер јунајтед за 36-годишниот напаѓач нуди 15.000.000 евра.
Варди е легенда на Премиер лигата, и покрај тоа што во кариерата играше само во Лестер. Еден е од најзаслужните за освојувањето на титулата во сезоната 2015/16 кога постигна 24 гола.
За Лестер одигра 387 натпревари, постигна 164 гола и додаде 64 асистенции.
Спорт
Мекинро: Тоа е ср..е, дозволете му на Новак да игра

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро уште еднаш порача дека на Новак Ѓоковиќ треба да му се дозволи настап на Ју-ес опен. Мерките поврзани со корона вирусот се ублажени во САД, но невакцинираните странци сè уште не можат да влезат во земјата.
„Целата ситуација е ср..е, мислам дека треба да му се дозволи да игра. Јас лично сум вакциниран, примав и бустер доза, но тоа зависи од поединецот. Тој освои многу повеќе слемови од мене затоа што беше тврд и ја најде волјата каква што многу малку луѓе во нашиот спорт ја нашле. Тоа е дел од причината зошто тој стана толку голем, тој се држи до својот став“, рече Мекинро и дополни.
„Тој самиот носи одлука. Ѓоковиќ е еден од најголемите спортисти во светот, многу е внимателен што внесува во своето тело, па фрустрирачки е што не може да влезе во земјата само затоа што не е вакциниран. Тоа се правилата во моментов, не се согласувам со нив“.
Ју-ес започнува на 29 август, а Ѓоковиќ досега трипати славеше во Њујорк – во 2011, 2015 и 2018 година. Конечната листа на учесници на последниот грен слем во сезоната ќе биде објавена на 25.август.
Спорт
Покрената петиција – Ентони Тејлор повеќе да не му суди на Челси

По ремито (2:2) против Тотенхем, во Челзи се бесни на судијата Ентони Тејлор. Целиот тим, стручниот штаб, а потоа и сите навивачи полудеа по судијата. Приказната отиде дотаму што веднаш по натпреварот беше организирана петиција. Навивачите бараат да му биде забрането на Ентони Тејлор во иднина да му суди на Челзи. Петицијата е веќе потпишана од илјадници фанови, наводно до недела во 21 часот, ја потпишале повеќе од 16.000 фанови.
На страницата „change.org“ се потпишува петиција во која се вели дека „Ентони Тејлор само што продолжи да носи одлуки против Челзи, како што тоа го правеше во изминатите години на големите натпревари. Тејлор има план против Челзи и не треба да ќе му биде дозволено повторно да суди натпревар на Челси“.
Што се однесува до натпреварот против Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“, спорни се двата гола на гостите, особено првиот, кога голот на Пјер-Емил Хојбјерг беше признаен и покрај тоа што пред голманот Менди стоеше Ришарлисон, топката помина покрај него.
Откако ВАР судијата Мајк Дин ја разгледа ситуацијата, реши дека бразилскиот напаѓач не му пречел на на Челзи, Едуард Менди.
За вториот гол Кристијан Ромеро, најпрвин го повлече за косата, а потоа и го турна Марк Кукуреља, но судиите тоа не го санкционираа, а Кејн со глава го постигна израмнувачкиот гол.