Спорт
Дефанзивна клиника на Атлетико – Роналдо без шут кон голот на Облак

Диего Симеоне ја постави тактиката, а неговите играчи беспрекорно ја спроведоа на теренот на „Олд Трафорд“. „Јорганџиите“ со дефанзивната перфекција, го победија Манчестер јунајтед со 1:0 (Ренан Лоди, 42,минута) и се пласираа во четврт-финалето.
Атлетико, најдобриот дефанзивен тим во последната деценија, успеа да ги неутрализира сите обид на играчите на Манчестер јунајтед. Она што успеа да помине покрај одбраната, успеа да го одбрани Јан Облак.
Еден податок најдобро покажува колку Атлетико беа импресивни во дефанзивата, Кристијано Роналдо не упати ниту еден удар кон голот на Облак и немаше ниту еден допир со топката во шеснаесетникот на противникот.
Само еднаш во 2015 година се случило, Роналдо, да нема допир со топката пред голот на противникот.
Трет пат во кариерата, во 90 минути не успеал да шутне кон противничкиот гол.
Претходно тоа му се случило во 2003 година, против Панатинаикос во дресот на Јунајтед и во 2011 против Барселона во дресот на Реал.
Роналдо, по 16 години ќе заврши една сезона без освоен трофеј. Манчестер јунајтед испаднаа од ФА, Лига купот и Лигата на шампионите, а во Премиер лигата, од трката за титулата испаднаа пред неколку месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ќе остане во Торино, нема да игра против Фиорентина

Фудбалерите на Јувентус, сезоната во Серија А, ќе за завршат во Фиренца. Во неделата, Јувентус ќе и гостува на Фиорентина на „Артемио Франки“. Овој натпревар не им значи ништо на фудбалерите на Јувентус, кои обезбедија место во Лигата на шампионите. Поради тоа, како што пишуваат италијанските медиуми, тренерот Масимилијано Алегри, нема да го има во тимот напаѓачот Душан Влаховиќ.
Српскиот напаѓач минатата зима, за 82.000.000 евра премина од Фиорентина во Јувентус. Пред два месеци, играше против својот поранешен тим во Фиренца, во полуфиналето, во Купот на Италија.
Тогаш жестко беше навредуван од тифозите на Фиорентина.
Исто така Алегри размислува да го остави во Торино, бидејќи на Влаховиќ му се заканува суспензија. Доколку добие жолт картон ќе го пропушти првиот натпревар во новата сезона.
Спорт
Силекс и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот во Купот
Фудбалерите на Македонија ЃП и Силекс, утре на нашиот најголем стадион, ќе се борат за трофејот во 29.финале во Купот на Македонија. Силекс го брани трофејот освоен минатата година. Екипата од Кратово ќе се бори за четвртиот, Македонија ЃП за вториот трофеј во Купот.
„Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме првиот второлигаш во едно финале. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига си ги завршивме навреме и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“, изјави тренерот на Силекс, Горазд Михајлов
„Македонија ЃП сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга, и сосема заслужено сме во мечот за титула. Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим. Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“, вели предводникот на екипата од Ѓорче Петров, Муарем Бајрами.
Силекс и Македонија ЃП финалето ќе го започнат во 18 часот.
Фото/FFM.mk
Спорт
Астрономскиот договор на Синер со „Најки“

Според Газета дело спорт, италијанскиот тенисер Јаник Синер потпишал десетгодишен договор со „Најки“. Синер од оваа компанија ќе добива 15 милиони евра годишно.
Младиот, 20-годишен тенисер е еден од најголемите потенцијали во белиот спорт и веќе е магнет за спонзори.
Синер досега освои пет титули, беше деветти во светот, а моментално е на 12-та позиција.
Два пати во кариерата играл четврт-финале на турнирите од гренд слем серијата, на Ролан Гарос 2020 и на Австралија Опен оваа година.
Во недела започнува вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.