Спорт
Милан води преговори со Дивок Ориги

Милан, во летниот преоден рок, има намера на „Сан Сиро“ да го донесе џокерот на јирген Клоп, Дивок Ориги. Белгиецот, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти „Енфилд“.
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, решил да ги отвори преговорите со Ориги. Сезонава, Белгиецот, има одиграно само 14 натпревари, постигнал пет гола. Еден од нив против Милан во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Давид де Хеа ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, кој сигурно беше најдобар играч на „црвените ѓаволи“ минатата сезона, е блиску до продолжување на договорот со 20-кратниот шампион на Англија. Актуелниот договор на 31-годишниот Шпанец истекува следното лето, но тој наскоро ќе потпише до 2025 година.
Новиот договор е јасен показател дека Ерик тен Хаг исто така ќе се потпира на Де Хеа во наредните сезони и нема сомнеж дека искусниот шпански голман ќе продолжи да биде број 1 на „Олд Трафорд“.
Доколку де Хеа остане во Манчестер Јунајтед до 2025 година, тоа значи дека неговата кариера во клубот ќе трае 14 години.
Спорт
Петраков пред мечот со Шкотска: После ракети и бомби – од фудбал не се плашиме

Фудбалската репрезентација на Украина на 1 јуни ќе го почне плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На „Хемпден парк“ противник ќе биде Шкотска, а победникот потоа ќе игра против Велс во последниот мундијалски бараж.
Селекторот на Украина, Oлександр Петраков, вели дека неговиот тим не се плаши од ништо после војната што ја отвори Русија во нивната земја.
„На ‘Хемпден парк’ ќе има неверојатна атмосфера. Но, од што би се плашеле ние после ракети и бомби. Не се плашиме и од Шкотска, тоа е само фудбал“, изјави Петраков.
Тој не ја одмина и воената состојба во Украина.
„Изразнав и живеев во Советскиот Сојуз и сега не можам да верувам кои ни беа браќа, со кого спиевме, јадевме. Сега сакаат да не убијат“, додаде Петраков.
Спорт
Голден Стејт во финалето на НБА, Стеф Кари со наградата „Меџик Џонсон“

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Далас Маверикс со 120:110 во петтиот натпревар од финалната серија во Западната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс.
За првпат во историјата, Стеф Кари, играчот на Голден Стејт Вориорс, ја доби наградата за МВП во финалето на конференцијата, награда именувана по Меџик Џонсон на Западот.
Голден Стејт Вориорс до победата ги предводеше одличниот Клеј Томпсон со 32 поени, од кои осум тројки. Ендрју Вигинс постигна 18 поени и 10 скока, а Дрејмонд Грин мечот го заврши со 17 поени, шест скока и девет асистенции.
Стеф Кари постигна 15 поени со слаб процент на шут, но додаде девет асистенции.
Од друга страна, Лука Дончиќ стандардно беше најдобар кај Далас Маверикс. Словенецот постигна 28 поени со девет скока и шест асистенции.