Спорт
Дејмон Хил: Дури по пензионирањето сфатив дека вреди да го запознам Шуми

Дејмон Хил вели дека дури откако се пензионирал сфатил дека „недуховитиот и стегнат“ Михаел Шумахер е човек „кој вреди да го запознаеш“.
Британецот и Шумахер имаа легендарно ривалство во 1990-тите, во кое неколку пати се судрија на патеката, од кои најпозната трка останува Австралиското ГП во 1994, кога во борба за титулата Шумахер го истурка Хил од патеката и двајцата се откажаа, а Шумахер ја освои првата од седумте светски титули. Ова не беше рецепт за пријателство, и Хил вели дека дури во 1999 го видел Шумахер како нешто повеќе од обичен ривал.
„Чудно, но кога се пензионирав и му правев интервју во Сузука за еден магазин сфатив колку забавен човек е. Се пензионирав и тој го спушти гардот и одеднаш изгледаше како човек кого вреди да го запознаеш. Како професионалец беше сосема различен. Недуховит и стегнат човек кој не дава ништо. Можеше да ги ’сотре’ своите противници. Но, сите големи беа такви. Сена не беше лесен човек, на пример. Новата генерација е порелаксирана“, вели Хил во интервју за „Дејли мејл“.
Тој исто открива дека му било тешко кога слушнал за несреќата на скијање по која Шумахер доби оштетување на мозокот, а кога со него беше неговиот син. Хил го загуби својот татко, светскиот шампион Греем во 1975, кога тој падна со авионот кој го пилотираше. Дејмон имаше 15 години тогаш.
„Бев навистина вознемирен кога ги слушнав вестите, посебно бидејќи таму беше со неговиот син Мик. Јас сакав да имам врска со мојот татко кога раснев, но тоа не се случи поради трагедија, а сега Мик проаѓа низ истото. Не сум бил да го видам, не сум прашал. Премногу е приватна работа. Не го познавам Михаел толку добро“, додава Хил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се откажале од премиите за да му помогнат на клубот

Фудбалерите на Реал Мадрид, решиле да се откажат од паричните награди, на кои имаат право, доколку го освојат домашното првенство или Лигата на шампионите.
„АБЦ“, во саботата, објаво дека станува збор за сума од 30 милиони евра. Претходно, сите играчи се согласија платите да им бидат намалени за 10 отсто, што значи дека фудбалерите на Реал ќе му заштедат 50 милиони евра.
Реал Мадрид, од почетокот на корона-кризата, пријави минус од 90 милиони евра.
Спорт
Ќе згасне Хајдук 2, клубот ќе отпушти 19 фудбалери

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит ќе го расформира вториот тим. На клупското Собрание, ова го објави претседателот Лука Јакобушиќ. Тој рекол дека со оваа одлука клубот ќе може полесно да работи, во услови кога Хајдук е соочен со големи финансиски проблеми.
„Пред пет дена побаравме Хајдук 2 да биде расформиран. Годишните трошици се околу 10,9 милиони куни. Дел од трошоците, поради договорите, ќе останат и до наредното лето. Оваа одлука ја донесовме откако направивме детална анализа на работата на Академијата. Во моментов во Хајдук 2 има 41 фудбалер“, рекол Јакобушиќ.
Претседателот на Хајдук рекол дека од 17 фудбалери ќе бидат позајмени во други клубови, а со 19 ќе бидат раскинати договорите.
Хајдук 2 се натпреварува во Втората лига на Хрватска.
Спорт
Роналдо ќе го пропушти дуелот со Аталанта

Атланата утре во дербито на колото, во Серија А, ќе го пречека Јувентус. „Страта дама“, сезонава спротивно на сите прогнози, се бори за место во Лигата на шампионите. Натпреварот во Бергамо е исклучително важен за Јувентус. Екипата на Андреа Пирло се наоѓа на третото место со 62 бода, еден повеќе од Аталанта и три од Наполи.
Пред мечот во Бергамо, Пирло е соочен со голем проблем. Поради повреда, против Аталанта нема да игра Кристијано Роналдо.
„Утре ќе биде без најважниот играч. Кристијано, поради повреда, нема да игра против Аталанта. Сметаме дека доколку игра, ризикува посериозна повреда“, рекол Пирло.
Медиумите, пишуваат дека повредата на Роналдо не е сериозна и дека тој ќе се врати во тимот за неколку дена.
Во отсуство на Роналдо, се очекува во нападот на Јувентус, покрај Алваро Мората да игра Паоло Дибала.
Покрај Роналдо, дуелот со Аталанта, ќе го пропушти и Федерико Бернардески, кој е заразен со коронавирусот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш