Спорт
Во Дејвис-купот Русите подобри од шампионот Хрватска, Белгија преку Колумбија
Актуелниот шампион од Дејвис-купот, Хрватска, го загуби првиот меч од финалето во нов формат на тениското натпреварување кога Русија во Мадрид го победи со 2:0.
Андреј Рублев лесно со 6:3/6:3 го совлада дебитантот во тимот, Борна Гојо, по што Карен Хачанов со 6:7(4)/6:4/6:4 беше подобар од Борна Чориќ. Младиот Хрват спасуваше три брејк-топки во првиот сет пред да го освои во тај-брејк, но потоа Хачанов безмилосно со два брејка го освои мечот.
Сепак, ова не значи дека Хрватите се елиминирани бидејќи со новиот формат на натпреварување, креиран од ИТФ и од фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, во финалето на Дејвис-купот настапуваат 18 репрезентации во 6 групи – покрај Хрватска и Русија, во таа група се и Шпанците. Во четврт-финалето ќе се пласираат победниците во шесте групи и најдобропласираните две втори репрезентации.
Белгија, пак, исто така стигна до стартна победа – Стив Дарси беше подобар од Сантјаго Хиралдо (6:3/6:2), а Давид Гофан со 3:6/6:3/6:3 го совлада Даниел Галан Риверос.
Victories secured for Belgium and Russia ✅
?? and ?? are still battling it out at Stadium 2 as Berrettini forces a decided against Shapovalov!#DavisCupMadridFinals pic.twitter.com/cQcL0Lrdvp
— Davis Cup (@DavisCup) November 18, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ не е сигурен дека ќе игра во Торино
Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот од серијата 250 во Атина. Заабележа победа над Алехандро Табило со 7:6, 6:1. По мечот одоговри на шпекулациите околу настапот на Завршниот Мастерс во Торино.
Анџело Бинаџи, кој е претседател на Италијанската тениска асоцијација од 2001 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Завршниот турнир во Торино.
Ѓоковиќ на прес конференцијата луто ја коментираше оваа изјава на Бинаџи.
„Не знам од каде тој (Бинаџи) ја добил таа информација, не знам од кого. Сигурно не ја добил од мене или од мојот тим. По завршувањето на овој турнир ќе донесам одлука дали ќе играм во Торино“, рече Ѓоковиќ.
Финалниот Мастерс започнува во недела, 9 ноември, денот по финалето на турнирот во Атина.
Спорт
(Видео) И Клиперси немоќни пред актуелниот шампион
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 126:107. Актуелните шампиони ја запишаа осмата победа од почетокот на сезоната и се единствени без пораз во лигата.
Домашниот тим добро му парираше на актуелниот шампион, особено во првото полувреме. Дури имаа и еден поен предност за време на задолжителната пауза.
Во вториот дел експлодираше Шеј Гилџис-Александер. Канадскиот кошаркар доминираше во текот на третата четвртина и ја водеше Оклахома до двоцифрена предност, а во последниот дел ја потврдија таа доминација.
Најефикасен кај Клиперси беа Харден со 25 поени, Колинс со 17, Дерик Џонс со 16 и Брук Лопез со 12.
Гилџис-Александер се истакна во победничкиот тим со 30 поени, Џо додаде 22, Волас и Вигинс имаа по 12, додека Холмгрен постигна 11.
Резултати:
Торонто – Милвоки 128:100
/Барнс 23 – Адетокунбо 22/
Њу Орлеанс – Шарлот 116:112
/Мерфи 19 – Бриџис 22/
Атланта – Орландо 127:112
/Ризаше 21 – Банкеро 22/
Чикаго Филаделфија 113:111
/Гиди 29 – Макси 39/
Спорт
(Видео) Јуве се уште нема победа во ЛШ, рутински победи на Тотенхем и Атлети, Олимпијакос се самоуништи против ПСВ
Одиграни се првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Ги обележаа дерби пресметките во Ливерпул и Париз. Ливерпул го победи Реал со 1:0, а ПСЖ загуби од Баерн со 1:2.
Јувентус и по четири рунди нема победа во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра 1:1 со Спортинг во Торино и г забележа третиот нерешен резултат.
Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт.
Олимпијакос водеше против ПСВ се до 93-та минута, но холандскиот шампион успеа да избегне пораз со голот на американскиот интернационалец Рикардо Пепи.
Најубедливата победа на вечерта ја забележа Тотенхем против дански Копенхаген, иако во 55-та минута при резултат 2:0, стрелецот на водечкиот гол, Велшанецот Бренан Џонсон, доби директен црвен картон. Тотенхем и со играч помалку постигнаа уште два гола и Ришарлисон промаши пенал.
Во Мадрид, Атлетико беше подобар од белгискиот шампион Унион Сен Жилоа. „Јорганџиите“ со малку повеќе трд славеа над шампионот на Белгија, Хулијан Алварез погоди во првиот дел, потоа Галагаер ја зголеми предноста во 72-та минута. Но драма внесе Сајкс со голот во 80-та минута. Во 93-та минута Расмусен имаше голема шанса за 2:2, не ја искористи, а во следниот напад Љоренте ги постави конечните 3:1.
Значајна победа во Норвешка оствари Монако. Францускиот тим славеше минимално со голот на балагун во 43-та минута.

