Спорт
Дербито во Скопје без победник, гостински победи за Силекс, Гостивар и Струга
Фото/ facebook.com/fcshkendija
Пет натпревари се одиграа попладнево во рамките на 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото вечерва ќе го комплетира пресметката во Битола меѓу Пелистер и Вардар.
По оваа рунда Работнички остана лидер, но неговата предност се стопи на само еден бод. „Романтичарите“ втора рунда по ред одиграа натпревар без голови.
Попладнево ремизираа во дербито на колото со Шкендија во Скопје. Нерешениот резултат на Работнички и Шкендија, го искористија Силекс и Гостивар, кои со минимални гостински победи кај АП Брера, односно Шкупи, дојдоа на бод минус од лидерот.
Во трката за титулата се врати и актуелниот првак Струга ТЛ со победата 2:1 на гости кај Беса 1976. Струѓани имат три бода помалку од Работнички.
Резултати, 13. коло:
Работнички-Шкендија 0:0
АП Брера-Силекс 0:1
Беса 1976-Струга ТЛ 1:2
Шкупи-Гостивар 0:1
Воска спорт-Тиквеш 0:0
Табела:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ерменците го сакаат Раул за селектор
Легендата на Реал Мадрид, сега тренер на вториот тим на Реал, Раул Гонзалес е главен кандидат за преземање на репрезентацијата на Ерменија, изјави заменик претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Армен Никогосијан.
Ерменија го отпушти селекторот Александар Петраков минатиот месец, по двата порази од Македонија во Лигата на нации.
Раул Гонзалес во сезоната 2018/19 ги водеше помладите категории на Реал Мадрид, а потоа го презеде Б тимот. Во еден период тој беше еден од главните кандидати за наследник на Зинедин Зидан.
Легендарниот напаѓач минатиот месец најави дека ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“.Неколку клубови се заинтересирани за него, но како што сега стојат работите тој ќе стане селектор.
Инаку, Ерменија на 14.ноември ќе игра во Ереван против Фарси Острови, во Лигата на нации.
Спорт
Бензема: Проблемот на Мбапе е Винисиус
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и поранешен освојувач на „Златната топка“ Карим Бензема за „Ел Чирингито“ зборуваше за досегашниот учинок на Килијан Мбапе во дресот на Реал.
Бензема, втор најдобар стрелец во историјата на Реал во интервју за „Ел Чирингито“, на различни теми, меѓу кои и трансферот на Килијан Мбапе ова лето.
Освен што Реал не изгледа добро, Мбапе не го покажува целиот сјај што го демонстрираше изминатите сезони во ПСЖ и француската репрезентација.
„Сметам дека проблемот е што Мбапе не е класичен центарфор. Секогаш кога игра за Франција како „деветка“ тоа не изгледа добро. Не е негова позиција. Има проблем што на левата страна игра Винисиус, играч кој е на негово ниво. Вини не можете да го ставите да игра десно или во врвот на нападот. Вини прави разлика како лево крило и гледаме како го користи Анчелоти. Во Реал притисокот е голем, не е како во ПСЖ. Мбапе не смее да се откаже “, изјави Бензема.
„Мислам дека Анчелоти нема да го премести Винисиус, тој моментално е најдобар во светот на таа позиција. Мбапе мора да се кодира дека треба да биде „деветка“ и да заборави на левата страна. Сега мора да биде добар на друга позиција“, смета Бензема.
Спорт
Алонсо: Не сум јас тема, ајде да зборуваме за извонредните играчи во двата тима
Чаби Алонсо за прв пат доаѓа на „Енфилд“ како тренер. Алонсо проговори за шпекулациите кои го поврзуваа со Ливерпул пред заминувањето на Јирген Клоп, враќањето на местото на успехот и дуелот што двата тима го играат вечерва од 21 часот.
Алонсо рече дека тој всушност не бил кандидат за наследник на Клоп.
„Во тоа време бев само концентриран на она што се случува во Леверкузен“, објасни накратко тој.
Голем број прашања поврзани со Ливерпул:
„Видов многу работи кои Клоп ги спроведе, но го следев и Слот, го знам неговиот пристап кој сега е комбиниран со интензитетот што постои овде во Ливерпул. Тоа е убав микс и затоа се на врвот во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Ливерпул е силен на сите позиции, ми се чини дека процесот оди како што треба. Тренерот заврши добра работа во овие три месеци. Гакпо, Дијаз, Цимикас, Робертсон, Собослај, Мекалистер… Има толку многу опции. Имаме наш план и ќе видиме што ќе се случи. Дојдовме да се надигруваме. Ќе видиме“, изјави Алонсо.
Тренерот на Ливерпул Арне Слот и голманот Кевин Келер очекуваат дека Алонсо ќе има топло добредојде од фановите, но Алонсо вели дека тоа не е тема на која размислува:
„Убаво е што се вратив по неколку години. Секогаш е посебно. Го забележувате развојот на клубот, новата трибина изгледа фантастично. Ќе видиме како ќе биде, не размислувам како ќе ме пречекаат. Повеќе размислувам за подготовката на натпреварот. Ајде да направиме дека темата за која зборуваме, секако е поинтересна од приказната за мојата иднина. Ајде да зборуваме за големи играчи на двете страни, тоа е она што го мислам.
За нас е голем предизвик да играме овде. Ливерпул во моментов е еден од најдобрите тимови во Европа и се покажува во многу силната Премиер лига и Лигата на шампионите. Добар тим, добар тренер и „Енфилд“, тоа е голем предизвик“, заклучи Алонсо.