Спорт
Девојка се врза на мрежата прекинувајќи го полуфиналето на РГ помеѓу Чилиќ-Руд

Нешто што неколку пати го видовме во последно време на фудбалските и на кошаркарските мечеви, се случи и на Ролан Гарос – една девојка во знак на протест за климатските промени влета на терените на Ролан Гарос и се врза за мрежата прекинувајќи го полуфиналето на гренд слемот меѓу Марин Чилиќ и Каспер Руд.
На нејзината маичка пишуваше: „Имаме уште 1028 дена“, а француските медиуми објавија дека се работи за 22-годишна Французинка која смета дека политичарите не носат во свет во кој нема да има Ролан Гарос поради „климатската вонредна ситуација“.
??? | Ook de partij tussen Ruud en Cilic wordt gestopt. Na het vastketenen aan doelpalen bij voetbal maakt een indringer zich nu vast aan het net… ?? #rolandgarros
? Grand Slams kijk je op discovery+ pic.twitter.com/UCFxZ5l4Zj
— Eurosport Nederland (@Eurosport_NL) June 3, 2022
That day is so strange at Roland-Garros ! Now here is how Cilic – Ruud was interrupted in the third set…
DO BETTER, FRANCE
© AI / Reuters / Panoramic pic.twitter.com/PnFSMahkLH
— Tennis Majors (@Tennis_Majors) June 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL
Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
Спорт
Потпишан договорот за реконструкција на стадионот во Чаир

Општина Чаир потпиша договор со компанијата „Флуид Проект“ за реализација на проектот за реконструкција на стадионот во Чаир.
Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди, како и унапредување на придружната инфраструктура, вклучително и системот за осветлување, дренажа и дополнителни елементи за безбедност и функционалност наменети за спортистите и публиката.
Градежните активности се очекува да траат од 45 до 60 дена, со цел стадионот да биде подготвен за претстојната спортска сезона и да обезбеди современи и безбедни услови за младите и спортските клубови што делуваат на територија на Општина Чаир.