Спорт
Руд со прво гренд слем финале, ќе го предизвика својот идол, „кралот“ Надал

Каспер Руд стана првиот норвешки тенисер во историјата кој се пласирал во едно финале на гренд слем турнир, откако во полуфиналето на Ролан Гарос се врати од сет негатива за 3:6/6:4/6:2/6:2 победа над поранешниот шампион од САД опен, Хрватот Марин Чилиќ.
Чилиќ влезе во мечот со амбиција да стане еден од петте активни тенисери кои биле во сите четири гренд слем финалиња, но по блескавиот старт и освојувањето на првиот сет, 23-годишниот Руд ја презеде контролата, завршувајќи го мечот кој беше накратко прекинат од една девојка која се врза на мрежата за нешто помалу од три часа.
За Руд сега следува неделно финале против „кралот“ на Ролан Гарос, и негов личен идол, Рафаел Надал, кој ќе оди на 14-та титула од француската престолнина, откако неговото полуфинале беше прекинато во вториот сет по повредата на Александер Зверев. Руд, кој е син на поранешниот норвешки тенисер Кристијан Руд, последните години беше тренинг-партнер на Надал, и помина дел од своето „тениско образование“ учејќи на академијата на Шпанецот на Мајорка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона пронајде стопер во редовите на Вилјареал

Барселона не може така лесно да го доведе Цезар Аспиликуета, бидејќи Челси се обидува да го задржи, а алтернативата е Хуан Фојт. Наводно, Матеу Алемани одржал состанок со Вилјареал, Фојт е една од опциите за Барселона, бидејќи Чави сака играч кој може да игра и како бек и како стопер.
Фојт пристигна во Вилјареал во летото 2020 година, прво на позајмица, а потоа „жолтата подморница“ го откупи за 15 милиони минатото лето.
Барселона е подготвена да плати до 10 милиони за неговиот трансфер, доколку Челси го блокира заминувањето на Аспиликуета.
Фојт има само 24 години, тој е стандарден аргентински репрезентативец и Чави смета дека би можел да биде добро решение во ротацијата.
Спорт
Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Љупчо Марковски, Елиф Елмас не го заборава својот клуб (ФОТО)

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.
Спорт
Интер мора да се ослободи од Џеко и од Санчез за да го доведе Дибала

Италијанскиот вицепрвак Интер и понатаму е во преговори со Пауло Дибала, но мора да се ослободи место во тимот за да може да го комплетира неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“.
Един Џеко и Алексис Санчез мора да го напуштат Интер за да дојде Пауло Дибала, пишува „Газета дело Спорт“.
Белгиецот Ромелу Лукаку исто така се враќа во Интер како позајмен играч, па тренерот Симоне Инзаги и раководството на клубот ќе мора да продадат дел од фудбалерите за да можат да доведат и нови имиња.