Спорт
Дибала ги одби милионите од Саудиска Арабија, реши да остане во Рома

Паоло Дибала сепак ги одби милини од Саудиска Арабија (75.000.000 евра за три сезони) и реши да остане во Рома, каде оваа сезона ќе игра за „само“ 6.000.000 евра.
Аргентинецот кој има 30 години го одби најголемиот договор за кариера.
Прашање е дали некогаш повторно ќе добие ваква понуда. Но, тој сакаше да остане во Италија и Рим и да игра фудбал на високо ниво. Неодамна се ожени, па не сакаше првите години од бракот да ги помине според шеријатските закони на Саудиска Арабија.
Откако ја донесе одлуката се огласи на „Инстаграм“.
„Благодарам Рома, се гледаме во недела“.
Рома во недела од 20:45 часот го пречекува Емполи во второто коло од Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мијатовиќ е новиот селектор на хрватските кошаркари

На предлог на спортскиот директор на Хрватскиот кошаркарски сојуз, Крунослав Симон (ХКС), Управниот одбор на ХКС денес го назначи Томислав Мијатовиќ за селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Хрватска.
Мијатовиќ е искусен кошаркарски експерт со долгогодишно меѓународно искуство, како на клупско, така и на репрезентативно ниво.
Тој ја започна својата тренерска кариера во 2001 година во КК Цибона како помошник тренер, а во 2010 година се пресели во турскиот клуб Анадолу Ефес, каде што ја презеде истата улога.
Во текот на повеќе од една деценија во клубот, тој беше клучен дел од тренерскиот персонал во периодот кога Анадолу Ефес освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година, три титули во турското првенство и три турски купови.
Паралелно со својата клупска кариера, Мијатовиќ беше вклучен во работата на тренерскиот штаб на хрватската машка сениорска репрезентација долги години како тренер, со што стекна вредно искуство и длабоко разбирање на репрезентативниот систем.
Хрватска ја очекуваат претквалификации за Светското првенство во август. Хрватска е сместена во групата Д со Данска и Норвешка, а секоја екипа ќе одигра четири натпревари, односно по два дома и два на гости против секој противник од групата.
Спорт
Пеп вели дека само еден човек е подобар додавач од Де Брујне

Манчестер сити ќе одигра важен натпревар за место во Лигата на шампионите, во 21:00 часот го пречекува Борнмут.
И покрај важноста на натпреварот, една од главните теми на прес-конференцијата беше неизбежното заминување на клупската легенда Кевин де Брујне.
„Постојат играчи за кои е навистина, навистина тешо да се најде замена. Од многу, многу причини. Да, го знаеме тоа. Но, сезоната што ја имавме е таква каква што е. И не можеме да го негираме тоа. И, секако, мора да продолжиме понатаму“, рече тренерот Пеп Гвардиола.
Новинарите го прашаа дали Белгиецот е човекот со најдобрите додавања што ги видел.
„Реков дека (Лионел) Меси е најдобриот (додавач) што сум го видел. Бидејќи Меси го правеше тоа многу блиску до голот. Но, Кевин е рамо до рамо со него. Само погледнете ја статистиката, головите и асистенциите во последната третина од теренот. Тој талент. Минатиот натпревар, повторно добивме две или три додавања од него каде што играчот беше еден на еден со голманот. Тоа е уникатно. Затоа тој е еден од најдобрите играчи што ги имал овој клуб во целата историја“.
Последниот натпревар во Премиер лигата, кој ќе биде и последен за Де Брујне во дресот на „граѓаните“, ќе биде во недела против Фулам.
Спорт
Фрлање паричка може да реши дали Јуве или Рома ќе играат во Лигата на шампионите

Замислете ситуација во која учеството во Лигата на шампионите може да зависи од фрлање паричка. Во таква ситуација моѓат да се најдат Рома и Јувентус.
Јувентус моментално е четвртопласирана екипа (последното место што води во Лигата на шампионите) со 67 бода, Рома е на петтото место со бод помалку (66).
И тука работите почнуваат да се комплицираат. Имено, гол-разликата на Јувентус е 55:33, а на Рома е 54:35. Значи, постојат многу можности двата тима, по последното коло да бидат изедначени во многу параметри.
Може да се случи Рома и Јувентус фралањето паричка да реши која екипа ќе го освои четвртото место.
Ова ќе се случи само во два сценарија. Ако Јувентус загуби од Венеција со 3:0, а Рома ремизира со Торино (1:1) и Лацио не го победи Лече.
Второто сценарио е Јувентус да загуби со 4:1 од Венеција, Рома да игра 2:2 со Торино, а Лацио да не го победи Лече.
🤯 How the final UCL spot in Serie A could be decided by a… coin flip
If teams finish on the same points, this is how they’ll decide who gets it:
• points in the h2h matches
• goal difference in h2h
• goal difference in the league
• goals scored
• coin flipThis… pic.twitter.com/92BaJWBqAD
— Italian Football TV (@IFTVofficial) May 19, 2025
Како се случи да имаме потенцијално невидена ситуација во историјата на фудбалот?
Јувентус и Рома би имале по 67 бода, би имале гол-разлика која е иста 55:36 или 56:37, би имале ист број бодови, а во меѓусебните натпревари двапати ремизираа (1:1, 0:0), би имале иста гол-разлика, би имале иста гол-разлика во лигата и ист број на постигнати голови.
Неверојатно е да дојде до ова, но во фудбалот се е можно.