Спорт
Димитријевиќ: Партизан не беше премногу заинтересиран за мене
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, во интервју за „Моцартспорт“, зборуваше за спектакуларната сезона во дресот на Уникс и бурното лето кога медиумите го поврзуваа со трансфер во Партизан.
„Директно немав контакт со нокиј од Партизан. Слушнав дека не се премногу заинтересирани за мене. Имаше некои други понуди, но не конкретни. Од Уникс, буквално, првиот ден по завршувањето на сезоната ми кажаа дека сакаат да се вратам назад. Беа многу коректни, ништо не криеја. Сакаа да се вратам. Покажаа огромна желба. Како човек и играч морам да ја ценам финансиската понуда и спортската улога што ми ја даде клубот. Едноставно , играчот сака да чувствува дека е ценет, а јас во Уникс чувствувам дека сум ценет“.
Димитријевиќ има опција да го продолжи договорот и за следната сезона.
„Ќе видиме што ќе се случи на лето. Велам, сега сум фокусиран на одбрана на титулата во ВТБ лигата. Луѓето мислат дека тоа е послаба лига, но јас лично мислам дека е уште посилна од лани. Присутен е одличен квалитет. Некои тимови кои можеби се помалку познати неверојатно се засилија, а тимовите како ЦСКА, Локомотива и Зенит се на ниво на Евролигата. Секој натпревар е интересен, полн со квалитет и дефинитивно има што да се види“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шаховскиот клуб Мулти Есенс се квалификуваше во Втората лига: Младинците ја оправдаа довербата
Под закрила и спонзорство на компанијата АЛКАЛОИД АД, оваа година е формиран уште еден шаховски клуб, ШК Мулти Есенс, првенствено за да им се даде шанса на младите шахисти да продолжат да играат шах и да се усовршуваат низ натпревари во екипна сениорска конкуренција. Многу добро е познато дека Шаховскиот клуб Алкалоид е меѓу најуспешните спортски колективи во Македонија, силно етаблиран и добро познат не само во европски рамки (како европски шампион и како вицешампион), но, генерално, и во светски рамки. Во клубот членуваат и најдобрите македонски шахисти (велемајстори и интернационални мајстори), кои се и лиценцирани тренери од ФИДЕ (Светската шаховска федерација) и кои континуирано работат со младите категории шахисти.
На квалификациитe за Втората лига екипата на ШК Мулти Есенс, под водство на велемајсторот Трајко Недев, како капитен, успешно настапи и во конуренција на 18 екипи успеа да се пласира во Втората лига. Во вкупно шест кола одиграни според швајцарскиот систем, ШК Мулти Есенс оствари три победи и две ремија и со само еден пораз, со освоени 8 бода, се пласираше на делба на третото место (според дополнителниот критериум заврши на четвртото место). Покрај првите три тима (екипите на победникот ШК Нов Напредок од Штип, второпласираната ШК Кочани и третопласираната екипа на ЖШК Прилеп), ШК Мулти Есенс ќе настапи во Втората лига, која, во согласност со календарот на натпревари, треба да се игра на почетокот на јули.
Екипата на ШК Мулти Есенс ја сочинуваат:
1. Теодор Јовановски (во 2023 го подели првото место на Државното јуниорско првенство до 18 години)
2. Матео Ефтовски (двократен јуниорски првак до 18 години во 2020 и во 2021 година)
3. Стојан Велкоски (четвртопласиран на Европското аматерско првенство 2022 за ело < 2000)
4. Христијан Цакончев
5. Кирил Николовски (државен шампион во 2023 г. за јуниори до 14 години)
6. Андреј Иванов (државен шампион во 2022 г. за јуниори до 12 години)
7. Дино Табаковски (второпласиран на Европското аматерско првенство 2022 г. за ело < 1800)
8. Стефан Мелник (многу талентиран и посветен шеснаесетгодишен јуниор, кој се натпреварува и во конкуренција на шахисти со оштетен вид, а во јуни ќе учествува на Европското првенство на ИБЦА – International Braille Chess Association – за возрасни).
Новата надградена развојна стратегија ќе овозможи ШК Мулти Есенс да биде одличен полигон на кој младите талентирани шахисти ќе можат да настапат против многу поискусните шахисти и на спортски начин да се докажуваат и да напредуваат, за во иднина да станат дел од сениорскиот тим на ШК Алкалоид!
ПР текст
Спорт
Салах останува во Ливерпул
Мохамед Салах најави дека и во следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Салах е член на црвените од 2017 година.
Египќанецот има договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше, послабата форма во вториот дел од сезоната, како и заминувањето на тренерот Јирген Клоп, се шпекулираше дема тој би можел да го напушти клубот.
Сепак, Салах со објава на Инстаграм потврди дека нема намера да оди никаде во следната година.
„Знаеме дека во Ливерпул се бараат само трофеи и ќе направиме се што е можно да ги освоиме следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до крај да го оствариме тоа“, изјави Салах.
Брилијантниот напаѓач одигра вкупно 250 првенствени натпревари во Ливерпул и постигна 155 голови.
Спорт
Слот ќе биде главен тренер, а не менаџер на Ливерпул
Ерата на Јирген Клоп во Ливерпул заврши во неделата. Германецот по девет успешни сезони реши да замине на долг одмор. На заминување самиот го промовираше новиот тренер Арне Слот, кој во Ливерпул доаѓа од Феенорд.
Англиските медиуми објавија дека Слот, за разлика од Клоп нема да биде вработен како менаџер, туку како главен тренер.
Холанѓанецот е 23. предводник на Ливерпул, а прв што нема менаџерска улога.
Според британските медиуми, промената е одраз на следењето на модерните трендови на фудбалот. Повеќето англиски клубови сега го прават она што европските клубови го прават со децении, ја одвојуваат улогата на тренер од онаа на спортски директор или менаџер.
Ливерпул по објавата на Јирген Клоп дека го напушта клубот направи голема реорганизација. Затоа што Клоп не е единствениот што заминува. Клубот го напушта и фудбалскиот директор Јорг Шматке, како и неколку важни членови на стручниот штаб.
Во клубот се враќаат Мајкл Едвардс како шеф на фудбалот и Џулијан Вард како технички директор. Педро Маркез ќе биде директор за фудбалски развој на целата спортска групација Фенвеј, а Ричард Хјуз ќе биде новиот спортски директор. Сите тие, како и Арне Слот, ќе ги преземат своите должности на 1 јуни.
Клубот верува дека титулата главен тренер ќе му даде можност на Слот да се концентрира на најважните аспекти од работата со првиот тим. Тој дефинитивно ќе биде неприкосновен авторитет и ќе има целосна контрола врз тимот.