Спорт
Џејдон Санчо ја предводи топ-листата на најветувачки фудбалери родени во 2000 година
ЦИЕС Фудбалската опсерваторија, организација што врши фудбалски анализи и дава интересни ранг-листи, ја објави листата на најветувачките млади фудбалери, односно оние што се родени во 2000.
Овој пат рејтингот е направен според клучното искуство во домашните лиги, како и учеството на младите фудбалери во глобалните натпреварувања.
Прв на листата е англиската ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, пред уште двајца фудбалери што играат во Бундеслигата, Канаѓанецот Алфонсо Дејвис во Баерн Минхен и соиграчот на Санчо во Борусија, Норвежанецот Џејдон Санчо.
На табелата на фудбалери родени во 2001 година на врвот се двајца англиски фудбалери – Букајо Сака (Арсенал) и Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед), а врвот за фудбалерите родени во 2002 го има Педри Гонзалез од Барселона пред Леонидас Стергиу од Санкт Гален. За родените по 2003 година, прв на листата е уште еден фудбалер на Борусија Дортмунд, Англичанецот Џуд Белингам.
ТОП-20 НАЈВЕТУВАЧКИ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ
1. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд)
2. Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен)
3. Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд)
4. Свен Ботман (Лил)
5. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
6. Педро Нето (Вулверхемптон)
7. Фил Фоден (Манчестер сити)
8. Феран Торес (Манчестер сити)
9. Дејан Кулушевски (Јувентус)
10 .Џонатан Дејвид (Лил)
11. Сержињо Дест (Барселона)
12. Макс Аронс (Норич)
13. Илан Меслие (Лидс)
14. Максенс Лакроа (Волфсбург)
15. Весли Фофана (Лестер)
16. Себастијан Валукевич (Каљари)
17. Орелиен Чуамени (Монако)
18. Абнер Винисиус (Параненсе)
19. Сандро Тонали (Милан)
20. Моисе Кин (Пари Сен-Жермен)
Issue number 3⃣2⃣8⃣ of the @CIES_Football Weekly Post presents the most promising youngsters worldwide ? @Sanchooo10 ??????? leads the table for players born in 2000 ahead of @AlphonsoDavies ?? & @ErlingHaaland ?? ? Full tables ➡️ https://t.co/1ujiaQ7K3b pic.twitter.com/VekTT4K8id
— CIES Football Obs (@CIES_Football) March 8, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР
Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.
ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.
Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.
„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.