Спорт
Џерард позитивен на коронавирусот
Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, нема да го води својот тим на Боксинг деј. Џерард е позитивен на коронавирусот.
Астон Вила утре игра против Челси, а за два дена ќе гостува во Лидс. Џарерд сигурно ќе ги пропушти овие два натпревари.
Астон Вила е еден од тимовите со најголем број заразени со коронавирусот. Минатата недела, неколку дена беше затворен тренинг-центарот. Поради големиот број на заразени Астон Вила го одложи натпреварот со Барнли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Боби Марјановиќ го напушти Фенербахче
Највисокиот кошаркар во Евролигата, Бобан Марјановиќ повеќе не е член на Фенербахче, потврди во понеделникот клубот од Истанбул.
Поранешниот НБА кошаркар минатото лето потпиша едногодишен договор со турскиот клуб, но имаше и опција да ја раскине соработката пред јануари.
Фенербахче пред неколку дена објави дека го продолжил договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната и веднаш се наметна прашањето за иднината на Марјановиќ, кој речиси и да не играше кај тренерот Шарунас Јасикевичиус.
Клубот од Босфор сега сака да ја засили центарската линија со уште еден играч. Покрај Брч, Јасикевичиус во тимот ги има Николо Мели и Сертан Шанли.
36-годишниот српски кошаркар одигра шест натпревари во Евролигата и за 10 минути на теренот имаше просек од 4 поени и 3,5 скока. Во турската лига има просек од 10,1 поен (67,6% за два), 4,9 скока, 1,6 асистенции и 0,4 блокади.
Her şey için teşekkürler Boban Marjanovic! 💛💙
👉 https://t.co/6y1rplZKf7 pic.twitter.com/p023HDManJ
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) December 23, 2024
Спорт
Мијатовиќ шокиран од работењето на претходното раководство – Партизан должи 53 милиони евра
Фудбалскиот клуб Партизан продолжува да ја шокира јавноста во Србија со откритија за деталите за катастрофалната финансиска состојба што новата управа ја затекна во клубот што го презеде пред два месеци.
Долгот настанал додека со клубот раководеле Милош Вазура и Милорад Вучелиќ. Тие беа принудени да си заминат, по што пристигна Расим Љајиќ со група нови функционери, меѓу кои најистакнат е Предраг Мијатовиќ. Љајиќ и новиот тим ги намалуваат трошоците и го намалуваат бројот на вработени.
Партизан го тресе невидена резултатска, финансиска и менаџерска криза. Српскиот гигант летово беше елиминиран од сите три европски натпреварувања во прелиминарните рунди.
По 20 одиграни натпревари во првенството заостануваат 17 бода зад актуелниот шампион и лидер Црвена звезда, од која сезонава на домашен терен загубија со 4:0.
Затоа тренерот Александар Станојевиќ мораше да си замине по само три месеци. Клубот е во тешка финансиска ситуација, сменето е раководството поради лошото работењенеред, а навивачите се огорчени за се.
Предраг Мијатовиќ во понеделникот откри колку пари должи клубот.
„Вкупниот долг на ФК Партизан во моментов е 53.128.000 евра. Тоа го откривме во овие три месеци, затоа што наша должност е да бидеме прецизни и конкретни. Веруваме дека јавноста и навивачите треба да знаат што „се случува во нашиот дом. Од тие 53.128.000 евра, вкупниот долг кон домашните и странските клубови е 7.250.000 евра. На домашните клубови им се должи 1.883.187 евра“, рече Мијатовиќ и додаде:
„Да продолжиме понатаму, вкупниот долг кон играчите, тренерите и спортските стручњаци до 31 декември 2024 година изнесува 10.227.000 евра. Од оваа сума на поранешни играчи, тренери и спортски работници им се должи 4.684.057 евра. На активните играчи, тренери и вработени експерти клубот им должи 5.542.943 евра Вкупниот долг за неплатен данок до 31.12.2024 година е 22.487.000 евра.
Морам да бидам прецизен и можеби малку ви досадувам, но имаме и обврска, одговорност и потреба да го објавиме затоа што сакаме да бидеме попрецизни, сакаме јавноста и нашите фанови да знаат се што се случува. . Да повториме, вкупниот даночен долг изнесува 22.487.000 евра. Понатаму, долгот кон менаџерите на фудбалерите, што е незгодна тема бидејќи постојано се споменуваат овие работи, моментално изнесува 4.915.343 евра.
Долгови по други основи, кредити, добавувачи, други обврски се 6.800.000 евра. А останатите обврски по ревизија на одложени даночни обврски се 1.472.000 евра. Вкупно, како што кажав, е 53.128.000 евра“, рече Мијатовиќ
Потоа Мијатовиќ откри и дека Партизан склучил низа штетни договори со свои фудбалери.
„25 фудбалери имаат процент од сопствената продажба. Ова за мене е нелогично и ненормално. Никогаш не сум го видел ова. ФИФА ова го нема забрането. Нето процентите се движат од 10 до 20 отсто. Партизан дури и мора да плаќа даноци за тоа, дали е нормално некој играч да добие такво нешто. Според мене ова не е нормално, ова е скандалозно“.
Спорт
„Заврши една ера, пет-шест првотимци ќе го напуштат Сити“
Невидена криза го тресе Манчестер сити, а менаџерот Пеп Гвардиола минува низ најтешкиот период во кариерата. Сити загуби девет од последните 12 натпревари. Актуелниот англиски шампион, кој кој освои шест од последните седум титули во Премиер лигата, по 17 кола сезонава се наоѓа на седмото место со 12 бода помалку од лидерот Ливерпул.
Сити е далеку од врвот и се бори за место во Лигата на шампионите од кое во моментов го делат четири бода. На две кола пред крајот на регуларниот дел од новата Лига на шампиони, Сити се наоѓа на скромното 22. место, на само две позиции од линијата за испаѓање.
Поради горенаведеното, се очекува Сити да биде многу активен во следните два преодни рока, зимскиот кој започнува за девет дена и летниот по завршувањето на сезоната. Ова го потврди Гилем Балагу, каталонски новинар, инаку близок пријател и биограф на тренерот на Сити.
„Имам јасна слика за тоа што ќе се случи. Сити сака да се ослободи од пет или шест постојани членови на првиот тим и ќе донесе еднаков број нови играчи. Значи половина од идеалните 11 на Сити ќе си заминат, а ќе дојдат нови играчи. Тоа значи крај на една и почеток на друга ера. Кругот е завршен…”, рече Балагу.